• Сакам Книги

    Секогаш и секаде...

  • Книгатае најдобриот и најпријатниот пријател.
  • Читам

    И спијам како бебе...

  • Со книгитеСекогаш доживувам нови авантури...

Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(19 оцени)

Проколната земја - Мирон Динков

“...О сонце наше, со светлината што ги допираш нашите срца и штитови, осветли го нашиот пат во иднината и покажи нѝ што носи утрешниот ден!”

Во 335 година пред нашата ера, младиот крал Александар Македонски побара од пророчицата во Делфи да го научи да ја гледа иднината. Таа му подари сад за вино со изрезбано сонце во кој со последната испиена голтка може да ја види иднината. Следеа години на победи, но и денови на лични порази. Во последните денови од својот живот, тој ја виде сопствената смрт, ја виде пропаста на сé она што го создаде и ги проколна оние околу него. Во почетокот на осумнаесеттиот век, турскиот аскер ги собираше здравите машки деца и ги претвораше во јаничари.

Оцена
(56 оцени)

Ракописот Q - Џонатан Раб

Уште едно брилијантно дело на познатиот и обожаван Џонатан Раб. Подеднакво заплеткана авантура, слична со ,,Теорија на хаосот" само овој пат наместо вмешување на политиката во поделбата на светот, ја имаме религијата.

Трилер кој ќе ве остави без здив и после кој ќе се запрашате за тајните што ги крие Ватикан. Приказна само за најхрабрите, оние кои се подготвени да ја дознаат вистината за Исус. Каков човек бил тој и што навистина проповедал? Дали вербата е само утеха за слабите или моќ за владеење со светот? Паралелно, низ истражувањето ке ја проследиме и потресната приказна за отецот Пирс кој се соочува со најважната работа во животот. Што би ставил еден отец на прво место? Семејството или црквата?

Оцена
(58 оцени)

Злоба

Злоба е роман за една жена, Грејс Адамс, која мора да се бори за да си го среди животот... но да почнам од почеток.

Грејс Адамс има тежок живот уште како девојче. Мајка ѝ умира, а татко ѝ сексуално ја злоупотребувал уште од нејзината шеснаесетта година. Ноќта спроти погребот на мајка ѝ, татко ѝ сакал повторно да ја злоупотреби, но таа го убива во обид да се одбрани, бидејќи не може повеќе да го трпи неговото малтретирање. Има само двајца кои ѝ веруваат на зборот, но сепак таа оди во затвор.

По завршувањето на затворската казна таа започнува нов живот: без семејство, пријатели, работа и дом. Од каде ли треба да почне?

Оцена
(34 оцени)

Изолација

Уште едно брилијантно остварување во низата од одлични трилери зад кое стои атрактивната и ненадминлива Патриша Корнвел. „Изолација“ е уште едно одлично дело кое изобилува со напнатост во воздухот, разни возбудувања, сѐ подлабоки мистерии, вешто осмислени дијалози и се разбира според мене најдобар можен расплет. И овој пат главната медицинска истражителка, Кеј Скарпета, ќе се соочи со еден од најкомплицираните случаи во својата кариера воопшто.

Имено таа е повикана во Ирска за да им помогне на тамошните власти во врска со низата грозоморни убиства кои што се случиле во последните неколку месеци. По враќањето назад во САД и одново прегледувајќи ги доказите таа доаѓа до шокантно откритие - истиот сериски убиец или неговиот совршен имитатор што напаѓа во Вирџинија, напаѓа и во Ирска.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter