• Сакам Книги

    Секогаш и секаде...

  • Книгатае најдобриот и најпријатниот пријател.
  • Читам

    И спијам како бебе...

  • Со книгитеСекогаш доживувам нови авантури...

Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(48 оцени)

Надарени: Срцето нека ти знае само за убави мисли

„Срцето нека ти знае само за убави мисли“ е шестиот дел на книгата „Надарени“.

Во овој дел се расказува за Картер, детето кое постојано молчи, никој ништо не знае за него. Откако ги шпионираше надарените од класот никој не му веруваше, бидејќи постојано молчи пред нив, а пред Серена сè кажува.

Тој е сместен во Хармони Хаус. Д-р Палеј настојува да го дознае минатото на Картер. Го хипнотизира, но не успева. Потоа му става вакцина и Картер успева да се сети на сè од неговиот живот.

Всушност дознава деке се вика Пол, дека неговите родители биле сведоци на некое убиство и биле вклучени во заштита на сведоците.

Оцена
(37 оцени)

Музата на сликарот - Дајен Хегер

Љубовната приказна помеѓу Рафаело Санти, славен сликар, и жената која му била модел на неговите слики, Маргерита Лути, зафаќа централно место во овој роман на Дајен Хегер. Романот толку ме обзеде што после неговото читање се фрлив малку во истражување околу Рафаело, Маргерита и неговите слики. Просто уживав додека ја читав, уживав во приказната што нѝ ја раскажува, описот на Рим, неговите палати, луѓето, облеката, животот во тој период.

Рим 1514 година...

Елитата во Рим е целосно маѓепсана од делата на Рафаело, неговите портрети, фрески. Тој е во потрага по муза, совршен модел, кој ќе ја краси новата Систинска Капела.

Оцена
(36 оцени)

Сите авиони летаат над моето село – Анета Василева

Како до добар расказ – си реков. Што треба да сторам за да напишам добар расказ? Треба да ми дојде некое привидение наречено „божји ангел“ или можеби треба некоја Муза да ми лебди над главата?“

Внимателно анализирајќи ги околностите, начините и „теориите“ за пишување раскази, авторката ги создава своите раскази.

Оваа книга е збирка од раскази каде се спојуваат реалноста и визијата, психологијата и филозофијата. Некои се меѓусебно поврзани, некои не.

 Има простор за читање меѓу редови, онолку колку што има напишано во редовите.

Оцена
(541 оцени)

добра земја - перл бак

Перл Бак е американска писателка (малку дискутабилно, затоа што Кинезите ја сметаат за кинеска писателка), која го поминала поголемиот дел од животот во Кина, а оваа земја била и нејзина најголема инспирација. За романот Добра земја ја доби Пулицеровата награда во 1932, а во 1938 ја доби Нобеловата награда за литература.

Добра земја претставува тажно портретирање на животот на еден сиромашен земјоделец, човек кој има сложени односи со неговата жена, неговиот татко и децата, но е силно поврзан со земјата.

Неговата земја е скапоцена, тој верува дека таа е изворот на среќата и богатството.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter