Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Помина уште еден саем на книгата, драги читачи, и тоа прилично успешно, на наше големо задоволство, иако дел од луѓето беа скептици поради новата локација. Но се покажа дека вистинските љубители на книги ги следат книгите каде и да се. На нашата страница на Facebook веќе споделивме дел од саемската атмосфера преку фотографии, но сега би сакале да ја објавиме топ листата на најпродавани книги на нашиот штанд.

  1. Жената на прозорецот од А.Џ. Фин Агорафобична жена што живее сама и ги шпионира соседите случајно гледа нешто што не треба да го види.
  2. Совршената замена од Грир Хендрикс и Сара Пеканен Една потиштена жена не може да се помири дека сопругот ја остава за помлада девојка и решава да не им дозволи да се земат.
  3. Синдер и Ела од Кели Орам Дечко и девојка анонимно се дружат само онлајн, но таа не знае дека тој е најпопуларниот млад актер во Холивуд, а тој не знае дека таа има тешки повреди и лузни од сообраќајка.
  4. Фати ме од Лиса Гарднер Девојка тренира и се подготвува за серискиот убиец што ги убил нејзините најдобри другарки една по една на истиот датум секоја година, па сега очекува дека таа е на ред.
  5. Темјанушки во март од Сара Џио Двојна приказна во приказна за млада разведена жена која наоѓа дневник во островската куќарка на нејзината тетка, а во него открива приказна за забранета љубов.
  6. На раб на Лудило од Б.А. Парис Една жена не може да живее со грижата на совест и почнува да го губи умот, но веќе ни самата не знае што од она што се случува е реално, а што замислено.
  7. Зима со мирис на капини од Сара Џио Новинарка добива задача да пишува за пролетната снежна бура, чуден феномен во мај кој се случил и пред осумдесет години и така дознава за нерешениот случај со киднапирање дете, па си се заколнува дека ќе ја открие вистината. 
  8. Светлината што ја изгубивме од Џил Сантополо Љубовна приказна за двајца кои се сакаат цел живот, иако судбината постојано ги разделува.
  9. Го имам твојот број од Софи Кинсела Девојка наоѓа туѓ мобилен во корпа за ѓубре баш кога најмногу има потреба од телефон и не сака да го врати, иако сопственикот на телефонот не се согласува.
  10. Вистинскиот - Џон Марс Нов сајт за анализирање на ДНК ве спојува со сродната душа, една и единствена за вас, без разлика каде во светот се наоѓа. Но излегува дека на еден сериски убиец сродна душа му е џандарката која работи токму на неговиот случај.
  11. Тајната сопруга од Џил Пол Русија е на раб на колапс и семејството Романови се соочува со ужасно несигурна иднина. Големата војвотка Татјана се вљубува во војникот Дмитри, но со катастрофален пресврт во настаните, нивната романса – а и нивните животи – паѓаат во опасност…
  12. Еленор Олифант е океј од Гејл Ханимен Осамена девојка со тврдокорно срце и слаби социјални вештини почнува да се отвора за светот кога се спријателува со маж со големо срце.

cat

Многумина, за жал, ќе речат дека читањето е чуден вид на хоби: за осамените, несоцијализираните... Меѓутоа, уште на самиот почеток цврсто ќе ги негираме ваквите мислење, а и ќе дадеме неколку добри докази кои ќе укажат на тоа колку всушност „држи вода“ нашата теза, дека читањето е нешто прекрасно. Изненадувачки, читањето предизвикува низа позитивни ефекти на човековата емоционална, интелектуална и психолошка умствена состојба. Како?

ЧИТАЊЕТО И АЛЦХАЈМЕРОВАТА БОЛЕСТ

Една неодамнешна студија вели дека луѓето кои што читаат имаат два и пол пати помала шанса да заболат од Алцхајмерова болест, од оние кои што не читаат. Секако, ова не значи дека вака болеста ќе се спречи, но на овој начин ќе се одржи мала релација помеѓу читањето и превенцијата од истата.

 

ДА СИ ЧИТАЧ – ЗНАЧИ ДА ДОБИВАШ НЕШТО НОВО СЕКОЈ ДЕН

Професорката Ана Е. Кунингам направила истражување и открила дека читањето постојано те прави попаметен. Не само што ти обезбедува стекнување на знаење, туку и ти помага наученото да го задржиш во себе целиот живот. Можеби неприметно, но читањето на твојот мозок му овозможува да се полни со многу нови и корисни информации кои го развиваат и „зацврстуваат“. Воедно, никогаш не знаеш кога нешто од она што си го научил ќе ти затреба...

 

ЛУЃЕТО КОИ ЧИТААТ СЕ ПОКУЛТУРНИ

Ова е општо познато и ништо не може да го побие фактот дека е така. Една студија од Националниот Фонд за уметности заклучи дека читањето прави да бидете поангажирани во текот на животот, да ги искористите сите предности од сите активности кои што би можеле да ви излезат во пресрет во иднина.

 

ЧИТАЊЕТО КАКО ТЕРАПИЈА

Според мислењето на Кристел Расел, истражувач на полето на однесувањето, читањето може да помогне при било каков стрес или негативност што се случува во вашиот живот. На пример, доколку си во фаза на раскинување на добра љубовна врска, пробај да се релаксираш со читање на некоја добра книга. Помага!

 

ЧИТАЊЕТО ЈА ПОДОБРУВА МЕМОРИЈАТА

Секогаш кога ќе прочиташ нешто ново, твојот мозок „прави соба“ за да истото може некаде да се смести. Со ваквите нови простори, можеш да ги искористиш предностите на секоја следна информација која што би можела да се роди и живее во тебе.

 

Е, па, читатели и читателки, сега знаете уште неколку предности на вашето омилено хоби. Употребете ги за лично задоволство, или пак за да им покажете на оние кои ви се потсмеваат – што всушност губат. Можеби ќе бидете „виновни“ што ќе претворите уште еден ваш пријател во читач и ќе му го направите животот поубав!

1. Владимир Набоков ја напишал Лолита на листови додека патувал низ Америка и собирал пеперутки.

2. А неговата жена Вера подоцна го спречила за да не ги запали истите тие листови.

3. 50 нијанси на сиво е најпродаваната книга на сите времиња во Британија.

4. Пред да ја напише книгата Кодот на Да Винчи, Ден Браун бил поп музичар.

5. Кафка замолил некој свој пријател да ги запали сите негови дела. Процес, Замок и Америка се испечатени против негова волја.

Page 1 of 5

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter