Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

17 интересни факти за книгите

1. Владимир Набоков ја напишал Лолита на листови додека патувал низ Америка и собирал пеперутки.

2. А неговата жена Вера подоцна го спречила за да не ги запали истите тие листови.

3. 50 нијанси на сиво е најпродаваната книга на сите времиња во Британија.

4. Пред да ја напише книгата Кодот на Да Винчи, Ден Браун бил поп музичар.

5. Кафка замолил некој свој пријател да ги запали сите негови дела. Процес, Замок и Америка се испечатени против негова волја.

6. Алиса во земјата на чудата била забранета во Кина поради животните кои зборуваат.

7. Големиот Гетсби за малку ќе се викал Под црвената, белата и сината.

8. Шерлок Холмс е најчесто прикажуваниот лик на телевизија и филмови.

9. Авантурите на Том Соер е првата книга напишана на машина за пишување.

10. Во Гуливеровите патувања се опишани сателитите на планетата Марс и тоа некои 100 години пред информацијата да биде потврдена од страна на астрономите.

11. Чарлс Дикенс на напишал Божиќната приказна за само шест недели.

12. Гордост и предрасуди првично се викала Први впечатоци.

13. Робинзон Крусо е првата англиска новела.

14. Шекспир е познат по смислувањето зборови. Дел од зборовите кои ги смислил се: гласина, побрзај, шампион, зависност и многу други.

15. Џокер требало да умре уште во првото издание на стрипот Бетмен.

16. Маркес никогаш не дозволил да се сними филм според Сто години самотија.

17. Првата рачно напишана Библија чинела осум милиони долари и требале дванаесет години за да се заврши.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter