Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Болка... Бодеж на левата страна од нашите гради. Силен убод од некој остар нож. Остава невидлива трага, која се памети долго, долго. Мака. Љубовна или не? Длабока или само површна рана која заздравува...? Ама и за тоа треба време. Дури и кога ќе ни земат крв од вена потребен е период од ден, два за и таа рана да заздрави.

Но, што кога се работи за љубовта? Што кога некој оставил силен печат во нашето срце и ладнокрвно си заминал? Намерно или случајно? Има ли надеж после тоа? Што останува после тоа? Немир, несоница, тага и солзи. Се губи секоја трага од големата љубов која владеела пред срцето да остане скршено. Празни прегратки, лажни ветувања, и се прашуваме каде згрешивме за да бидеме казнети на таков начин. Секоја помисла на минатото ни го распарчува срцето, а секој сон ни е кошмар кој не се разликува многу од реалноста. Уште го чувствуваме ветрот како нежно не гали, како рацете на нашиот сакан, сончевите зраци не милуваат страсно и опивно, и премногу е болно да биде вистина. Солзи, конфузија во нашите глави. Силна потреба од она што сме го имале, од нежните зборови, гласот на кој сме се навикнале и топли воздишки кои го разигрувале нашето срце.

Велиме, не ни било пишано. Но дали така мислиме длабоко во себе? Или пак можеби потајно се молиме времето да се врати и да ги излечи нашите маки?

Празнината останува во нас, спомените исто... Сеќавањето на убавите моменти можеби ќе донесе само некоја мала скриена насмевка на нашето лице по која следи и скриена солза, која срамежливо ќе се стркала на нашиот образ. И ќе помине и тоа по извесно време. Ќе се исуши и таа солза, ќе ја снема и таа скриена насмевка... Но дали може нешто да го излечи скршеното срце? Дали може нешто засекогаш да не излекува од таа болка и да направи да не се сеќаваме на тој лош кошмар кој ни го дели срцето на два дела?

Дали навистина времето лечи сè, или само така викаат?

Во старите литературни дела стои дека тенка е границата меѓу љубовта и омразата. Така ме учеа и моите баба и мајка. Ми велеа дека пријателството и љубовта не се напишани на иста страница од некое дело, но истовремено се и неразделни и зависни едно од друго.

Постои ли пријателство без љубов? А љубов без пријателство?

Години изминуваат, растеме... Созреваме и се заљубуваме. Искрено, вистински, со надеж дека ќе трае долго. Но дали веќе изгорената душа може пак да верува на силен оган? Дали скршеното срце може повторно да заздрави и да верува одново на некоја сосема непозната личност? Тоа ми се случи токму на мене... Повредена, скршена, измамена, без надеж за нова љубов која ќе биде со подолг рок на траење, каде ќе има взаемно разбирање и непресушен извор на љубов и страст. Кога сите мостови ми беа урнати, го сретнав токму него. На другата страна од брегот на љубовта. Личност која не ни сонував дека денес ќе ми биде сè. Дека секој нареден ден со него ќе ми биде поубав од претходниот. За него почнав одново да градам мост на доверба, а тој за мене од другата страна градеше мост на искреност, нежност и внимание. Сакав срцето и разумот да ги ставам во некој ринг за да си ги одмерат силите, но ќе беше попусто. Срцето веќе одамна ја имаше таа битка.

И кога веќе стигнав на средина, погледнав збунето кон него... Се двоумев дали да се вратам назад или да продолжам поматаму. Стравот од непознатото и новото кршење на срцето беа оние мисли кои ми поминуваа низ главата и ме одвлекуваа назад. Но, посилна од нив продолжив напред. Полека ослепував од светлината на неговите длабоки и продорни очи, постепено омекнував и полека но сигурно му го предавав моето срце, кое секогаш додека беше немирно кога ќе се најдеше во негова близина.

Патот за назад веќе го немаше, компасот покажуваше само кон него. Заедно бевме и сме посилни од сè.

Имам најдобар пријател до мене кој секојдневно ми пружа големо количество на грижа, љубов, нежност и посветеност. Го чувствувам она од кое веќе одамна се имав откажано. Она кое мислев дека нема никогаш да ми се случи на мене... Она од кое сакав да се откажам, љубовта.

И дури сега сфаќам дека има многу вистина во мудрата изрека дека изгубено е само она од кое сме се откажале.

Знам ќе дојде денот кога ќе застанеме еден спроти друг,

знам дека ќе дојде денот кога ќе се погледнеме в очи,

знам дека тогаш нашите погледи ќе се прашаат ЗОШТО?

Зошто дозволивме гордоста да ни се испречи на патот на љубовта?

Кој ќе одговори на тоа прашање?

Од гордост никој нема да прозбори,од гордост никој нема гласно да изговори,

од гордост без збор ќе се разминеме, со истото прашање во срцата ЗОШТО?

Page 1 of 93

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter