Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Марија Петровиќ

Марија Петровиќ

Сопругата на сенаторот

Секој брак крие свои тајни, па дури и оној најсовршениот! Но, некои тајни понекогаш е подобро да останат скриени. Засекогаш!

Во својата триесет и шестта година Мери го запознава Нејтан, љубовта на својот живот. Само еден месец подоцна тие започнуваат заеднички живот и набргу потоа стапуваат во брак.

Мери и Нејтан се селат во Нова Англија во нивната нова сопствена куќа и започнуваат еден нов, сосема поинаков живот, но тоа е живот за кој Мери не е сигурна дека го посакува. Таа е вљубена во својот сопруг, но сепак чувствува дека пред неа ѝ претстојат неволји со кои таа ќе мора храбро да се соочи. Нејтан пак е возбуден од фактот што веднаш до нивниот нов дом, во соседната куќа живее сенаторот Том Нотон, неговиот политички херој кој веќе е во седумдесеттите години од својот живот.

Ноќен циркус

Циркусот пристигнува без предупредување... Така и си заминува...

Можам да кажам дека ова беше најнеобичната книга која сум ја прочитала. За момент ќе ве натера да си помислите дека воопшто и не ве интересира додека во следната секунда нема да можете да ја испуштите од рака.

Постојано ќе се запрашате дали сето дејство во книгата е само сон?! Во секој ред се чувствува магија, магија со која е создаден Ноќниот циркус или Le Cirque des Reves.

Ова е црно – бел циркус кој работи само навечер, т.е. од полноќ до раните утрински часови, само тогаш е отворен за своите посетители, а под црно – белите шатори се одвива животот на неговите станари.

Принц на бел коњ

Морам да признам дека кај оваa книга ме привлече самиот наслов. Па која девојка сѐ уште не сонува за својот принц на бел коњ?

На некои им се остваруваат соништата па го добиваат и принцот и белиот коњ, а некои сѐ уште чекаат да го пронајдат. Накратко ќе се обидам да ви ја раскажам и содржината која по малку наликува на бајка, па можеби и ќе ја разбудам кај повеќето од вас љубопитноста и ќе ја земете книгата в рака за да ја откриете целата приказна.

Даглас е модерна девојка која работи како учителка, потекнува од богато семејство, но своето наследство ќе го добие откако ќе наполни триесет и пет години.

За вистинските љубители на модерните бајки, за луѓето кои никогаш не престанале да сонуваат за еден друг свет кој е имагинарен, за љубителите на сонувањето за светот создаден од детството преку читањето на прекрасните бајки ова дело ќе претставува вистинско уживање. Кога ја зедов книгата во моите раце го очекував токму тоа, повторно да се присетам на детството и да влезам во светот на бајките, и верувајте ми дека не се разочарав.

По напуштањето на своето родно место Џек и Мејбел одат во дивата Алјаска за да си создадат нов дом и да почнат од почеток. Тие се брачен пар кој не може да има деца, поточно нивното единствено дете се родило мртво и со неговата смрт умираат и нивните надежи дека некогаш повторно ќе имаат дете, од тогаш тие живеат со сопствената болка и секој се снаоѓа и ја носи во себе како знае и умее.

БАЈКИТЕ НИКОГАШ НЕ БИЛЕ ПОЗАБАВНИ И ПОИНТЕРЕСНИ!!!

Сте се запрашале ли некогаш што се крие зад онаа добро позната реченица на крајот од секоја бајка „...И СИ ЖИВЕЕЈА СРЕЌНО ДО КРАЈОТ НА ЖИВОТОТ“?

Време е да откриете и да дознаете дали токму зад неа се крие формулата за вечна љубов!!!
Не се сите машки исти!
Пронајдете го вашиот совршен принц од бајките!

Не дозволувајте никому да ви каже дека вистинската љубов е само бајка.

Page 1 of 22

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter