Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Читателка

Читателка

Колку пати во животот сме посакале да добиеме втора шанса во животот? Да почнеме со нешто од почеток, исто како да не се случило, да ги исправиме работите за кои сме мислеле дека можеме да ги направиме подобро, нели тоа би било одлично?

На Тес Конели ѝ се укажува токму таа шанса. Таа преминува низ болно прекинување на врска со момче за кое мисли дека е љубовта на нејзиниот живот. Но, уф, колку само работи сега би сменила. Би била подобра девојка, би била посекси, позаводлива, би направила сè само за да го врати Себ.

Но не е можно да се сменат работите нели? Реално, не добиваме чист лист во животот повторно, да почнеме од почеток.

Таа има добар, пристоен сопруг, има убава куќа и сигурна работа. Таа има многу повеќе од другите луѓе.

Но нема едно нешто. Нема име.

Која е таа? Од што всушност се состои нејзиниот живот?

Таа има своја рутина. Оди на работа, си доаѓа дома, секогаш е културна, секогаш е љубезна, никогаш не си дозволува да изгуби контрола. Тоа е едната страна од нејзиниот живот. Добрата страна.

Лошата страна го прави нејзиниот живот мрачен.

Празен ум е безбеден ум. 

Оваа реченица е длабоко врежана во самата суштина на постоењето на Јулија. Уште откако знае за себе нејзиниот татко ѝ ја вкоренувал оваа мисла во мозокот.

Бидејќи во 1960тите години во Русија, само умот во кој нема никакви предавнички мисли може да опстои. Сè друго е опасно.

Јулија се снаоѓа најдобро што знае за да преживее, за да ги задржи безбедни нејзината мајка и брат, откако татко и побегнал. Но тоа не е лесно во Русија, во период на сиромаштија.

Животот на Сафрон се менува од корен кога дознава дека нејзиниот сопруг е мртов. Одеднаш таа останува сама, без љубовта на својот живот, без својата потпора. Останува сама да се справува со сите тешкотии кои ги носи животот.

За работите да бидат уште полоши, што се покажува дека е можно дури и во ваков случај, нејзиниот сопруг е убиен. Најден е избоден и оставен на улица.

Каков монструм може да го направи тоа?

Сафрон мисли дека го знае одговорот. Но не може да го каже на полицијата.

На српски е преведена книгава како Можеби небото знае, но мислам дека оригиналниот наслов е најсоодветен. 

Гијом Мисо за мене е еден неверојатен автор, и не поради тоа што сите негови дела ми се допаѓаат, туку баш напротив. Различен е од сите други поради тоа што книгите не му наликуваат една на друга, кога ќе земам негова книга во рака не знам какво патување ме очекува.

И се радувам на секоја негова книга.

Жулиет е Французинка која сака да ги оствари своите соништа во Америка. Таа сака да стане актерка, смета дека поседува талент. Но среќата не е на нејзина страна.

Page 1 of 7

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter