Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Александар Николовски

Александар Николовски

Еве по подолго време и јас се вратив со пишување на нови статии, едноставно не можев да издржам, а да не напишам статија за книгава. Ова е само уште еден одличен трилер од ризницата на мајсторот на неизвесноста и возбудата, неповторливиот Харлан Кобен. Книгава на многумина можеби повеќе ќе им личи на љубовен роман, но кога ќе ја прочитате и ќе увидите кон што и до кои екстреми се движат настаните, верувам дека целосно ќе го променат мислењето.

Ова е книга за изгубената љубов, за страдањата и болката што таа самата по себе ги носи и немирот кој што ќе ве натера да откриете што (навистина) се случило, дури и по цена да сопствениот живот го ставите на коцка.

Само студена насмевка и прекор
како твои сенки ме следат во секој чекор,
како ѕверка што го вреба својот плен,
во љубовта сонуваш да ме видиш уништен...

Само тага во срцето ти ми донесе,
а сега само те молам замини,
ветрот од тебе,
што подалеку нека ме однесе...

Нека ме однесе некаде далеку каде што никогаш нема да те видам,
некаде каде што со друга среќен ќе бидам,
некаде далеку каде сонцето и без твојот лик ќе зајде,
некаде каде што никогаш нема да ме најдеш...

Нема да ме вратиш со истите лажни солзи,
отсега мојот живот и без тебе ќе продолжи,
затоа сочувај ги нив за некој друг,
со мене повеќе услуга не ти прават,
залудно повторно се обидуваш,
кај мене повеќе не ти палат...

А јас се би дал, само љубовта...

Нека ме однесе некаде далеку каде што никогаш нема да те видам,
некаде каде што со друга среќен ќе бидам,
некаде далеку каде сонцето и без твојот лик ќе зајде,
некаде каде што никогаш нема да ме најдеш...

... некаде далекууу.

Како ѕвезда на небото светиш ти,
како зрно песок малечка,
миг си тука, а миг кој знае каде
толку си блиска, а сепак толку далечна...

Ова срце секоја ноќ те довикува,
да дојдеш кај мене, те повикува, а ти...

Симни се од облаците мила,
еве бакнеж ти праќам јас,
подај ја раката, фати го,
пред да ти избега...

Побрзај, фати го,
ако барем малку ме сакаш ти,
со дланките, побрзај, спаси го,
пред во ноќта да се изгуби...

Те повикувам со гласот свој,
моето срце отсега ќе биде твојот дом,
како ѕвезда од небото спушти се ти,
спушти се ти, спушти се во моите преграки...

Ова срце и оваа ноќ те довикува,
да дојдеш кај мене, те повикува, а ти...

Симни се од облаците мила,
еве бакнеж ти праќам јас,
подај ја раката, фати го,
пред да ти избега...

Побрзај, фати го,
ако барем малку ме сакаш ти,
со дланките, побрзај, спаси го,
пред во ноќта да се изгуби...

Побрзај со усните запали го ти,
пред во мракот засекогаш да се изгаси...

Те сакав и сè уште те сакам,
но, секој ден со тага во очите се разбудувам,
многу болка ми нанесе ти,
а јас само топла љубов ти нудам, иако не ја заслужуваш...

А јас се мразам зошто уште те сакам,
и плачам, но никако да заборавам на сè,
љубовта моја кон тебе од сè на светов посилна е...

Се мразам, но залудно е
ова чувство никогаш нема да престане,
знам, ќе живее длабоко во мене
се додека од него ни трага не остане...

Само малку љубов од тебе барав,
а за возврат едно големо срце ти давав,
не, нема да те молам да се вратиш,
дека си виновна и самата наскоро ќе сфатиш...

А јас се мразам зошто уште те сакам,
и плачам, но никако да заборавам на сè,
љубовта моја кон тебе од се на светов посилна е...

Се мразам, но залудно е
ова чувство никогаш нема да престане,
знам, ќе живее длабоко во мене
сè додека од него ни трага не остане...

Се мразам, но залудно е сè,
да те сакам засекогаш, судено ми е...

Чукна на мојата врата, а јас веднаш ти отворив
ми побара помош, а јас со блага насмевка ти одговорив,
прв пат влезе внатре, а се почувствува како да си дома,
те прегрнав, а твојот поглед неволно ми шепна
дека уште утре да заминеш мораш...

Една солза радосница се тркала по лицето твое
и самата знаеш дека таа допира до срцето мое,
и иако се тресеш од студ, твоите очи како сончеви зраци ме греат,
во тој миг како мојата и твојата душа едно нешто да беа...

Само вечерва облечи се во љубовта моја
само оваа ноќ таа ќе биде заштитничка твоја,
зошто потоа пак ќе останеш гола и боса,
истата тажна птица што оди каде што крилјата ја носат...

Заборави на се оваа ноќ,
ајде заедно нашите срца со љубов да ги обоиме,
препушти се и дозволи страста да ја употреби својата моќ,
во овој миг само јас и ти сме единствените што постоиме...

А кога ќе осамне утрото и кога ќе треба да се разделиме,
замини тивко без да оставиш трага,
а за спомен земи дел од моето срце
пред од своето засолниште да одлеташ...

Летај, само летај слободно,
летај пред некој крилјата да ти ги скрати,
тоа ќе биде сосема доволно
за во моите прегратки повторно да се вратиш...

И по толку многу заеднички поминати ноќи
знам дека сепак во тебе има нешто тажно,
тоа не можат да го скријат ниту твоите илјада лажни лица,

отсекогаш беше и остана истата тажна птица...

Page 1 of 32

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter