Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Ивана Магденоска

Ивана Магденоска

Знам дека многу од вас не го сакате Вуди Ален. И ве разбирам. Кога бев помала не можев да го смислам. Кога и да имаше филм на Вуди на телевизија одма ме фаќаше нервоза. Сѐ до едно досадно попладне кога од недостаток на имагинација и одбивност кон учебниците по физика и географија изгледав еден цел негов филм. Не памтам за што точно беше филмот, ама знам дека имаше хор (како во грчките драми) и хорот му се обраќаше на Бог. А тој од рајските облаци пушти еден долг тон – бииип! И рече дека „моментално не е тука, можете да оставите порака“.

Оттогаш не пропуштам ништо негово и сфатив дека никогаш не сум му дала шанса. За да го засакате Вуди, само дајте му шанса. Толку е едноставно. Кога се најдов на саемот за книга и кога ги видов книгиве не ни прашав колку пари се, само ги купив.

Педесет нијанси ослободен

По бурниот месец на љубов, љубомора и опсесивни поранешни девојќи, сега веќе брачните партнери г. и г-ѓа Греј се на меден месец по прекрасното Средоземно море. Убави плажи, вино, зајдисонце, луксузни јахти, челични лисици околу зглобовите и еден прекрасен маж кој те доведува до врескање... Да овие се само некои сцени од првиот дел на книгава. Младиот брачен пар Ана и Кристијан се на меден месец, живеат во нивниот изолиран „балон“, како што го нарекуваат. Сѐ околу нив е розево.

Но, време е да се вратат во реалноста, во Сиетел и на работа. Ана, сега веќе уредник, е навистина среќна и со работата и со љубовниот живот. Другарка ѝ Кејт се свршува со брат му на Кристијан, сестра му пак се здружува со братот на Кејт...

Сѐ на сѐ, сите се среќни.

Педесет нијанси потемно

После бурниот почеток и изненадувања кај двете страни Ана и Кристијан се конечно заедно, како дечко и девојка. Кристијан сфаќа дека за да биде со Ана мора да си ги смени навиките, односно да ја гледа Ана како рамноправен партнер, не како потчинет сексуален роб, а Ана од нејзина страна ги прифаќа сексуалните игри на Кристијан, до одредена мера. Иако ненавикнат на споделување на мисли и емоции, Кристијан се наоѓа во позиција каде мора самиот да си признае дека му е убаво. Сфаќа дека ја сака Ана и дека дотогашниот начин на живот веќе не му е привлечен ниту потребен. Сѐ додека ја има Ана ќе биде среќен.

Но, Ана откако реши да живее со Кристијан почнува да открива за неговото минато, за тоа колку партнерки имал, што правел со нив, каде се сега...

Маргарет Хејл е 19 годишна убавица која штотуку се враќа дома по години поминати во Лондон. Иако е многу благодарна што имала прилика да живее во богат дом, да има соодветно образование и да живее со нејзината омилена братучетка, таа е многу среќна што се враќа во Хелстон, во најубавиот предел на Англија, Хемшир. Според неа нема поубаво место на планетата. Но, за многу кратко време целиот нејзин свет ќе биде превртен.

Дотогаш мирниот и посветен викар, г. Хејл, нејзиниот татко, ќе го искаже неговото долгогодишно сомневање во и конечна одлука да ја напушти Англиканската Црква. Нејзиниот брат, морнарски офицер, е осуден на смрт од Воениот суд за бунт против неговиот луд и агресивен капитен.

Досега немам читано ваква книга за која сум се нервирала до степен на лутење на ликовите. Од гледна точка на девојка која живее во 21 век, причините и реакциите на некои ликови во книгава ми беа апсолутно глупави и банални. Но, со оглед на тоа дека овој англиски класик е објавен во 1891 година, мора прво да имаме малку контекст пред да почнеме да го читаме.

Еве ви малку контекст: Замислете време и место (Викторијанска Англија) кога и каде моралните и етичките вредности биле најважен дел од секојдневието. И каде Црквата и општеството колку и да биле ригидни во нивните ставови секогаш го проповедале тоа дека „добрината се наградува, злото се казнува“.

Page 1 of 2

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter