Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Ивана

Ивана

Шетав и замислено барав,
Фантазии во мојата глава создавав,
За страна идеална што многу книги нуди,
И секое делче од моето тело го буди.
Кога ете ми светна,
Погледот во страната на САКАМ КНИГИ ми летна,
Книги големи и мали,
Со многу страни.
Секогаш кога ќе кликнам се губам како Алиса од Земјата на Чуда,
Во тој свет од букви и страни кои ме обземаат како да сум луда.
Прелистување со часови полека ми се исполнуваат сите сонови.

Сега и нов дизајн има,
На секого по нешто на неа му штима.
Оваа страна е без конкуренција,
И сите се здобиваме со висок степен на интелигенција.
Ако си за трилер, мистерија или романса,
Од авантура, класика па сѐ до басна,
Веднаш приклучи се на оваа страна,
Тука сета наша фантазија е збрана.
Со безброј статии за сите можни книги,
Толку прекрасни што ќе ти течат лиги,
САКАМ КНИГИ нѐ воодушевува во секој поглед,
Ќе бидеме нејзини читатели до недоглед.

Која е нашата цел во животот? Кој е тој зрак светлина што му дава смисла на нашето секојдневие кое тече според навика? За што всушност сите се бориме?

Успех. Да. Сите ние се бориме за успех. Се бориме да се искачиме на врвот и да ја помирисаме магијата на супериорноста.

Патот до врвот е скала. Многу од оние што се обидуваат да ја искачат паѓаат и никогаш повеќе не се обидуваат. Падот ги крши, ги ништи. А некои пак, имајќи ја шансата да се качат му се предаваат на задоволството и успехот. Забораваат кои сè и ја закопуваат калта во која живееле длабоко во минатото. Ниту скалата е вистинска. Постојаната потрага е сè она што постои. Но запаметете! На врвот има место само за две стапала, едно тело и душа скитничка. Заборавете на сè и... СЕ ГЛЕДАМЕ НА ВРВОТ!

Скорпио трки - Меги Стифватер

“Скорпио трки“ е книга за преживувањето, за борбата за опстанок и беспрекорна храброст. Веднаш штом ја завршив со читање знаев дека мора да ја споделам тука со вас.

Книгата е прилично разиграна и опфаќа две различни гледишта и две раскажувања на момче и девојче со различна судбина. Проткаена со нивните случки, оваа книга се чита многу брзо и секогаш сакаш да трае уште подолго.

Шон и Пак се раскажувачите, па така главите го опфаќаат нивниот пат до учеството во Скорпио трките и секако самото искуство.

Една трка да се победи. Многумина натпреварувачи кои се натпреваруваат за да преживеат. Трка што се случува секој ноември.

Кандид - Франсоа Волтер

“Кандид“ како најпознато дело на Волтер е синтеза на целото негово творештво. Блескава сатира која го исмева “совршениот свет“ на Лајбниц, хуманистичко дело кое се стреми кон идеалот на човечноста.

Необични авантури, фантастични пресврти и хумористични ситуации се само дел од се она што го прави овој роман богат со стилски изразни средства и разиграност.

Тој започнува со младо момче, по име Кандид, во една Рајска градина, поучуван од доктрината на Лајбниц за оптимизмот, од страна на неговиот ментор, Панглос. Делото го опишува ненадејниот престанок на овој начин на живеење, проследен со болно разочарување од страна на Кандид, додека ја доживува сиромаштијата во светот и се соочува со нејзе.


Волтер преку Кандид заклучува дека не треба да се прифаќа оптимизмот во потполност, користејќи едно чудно правило, „ние мора да ја обработуваме нашата градина“.

Кандид“ се карактеризира со саркастичен тон како и со променливоста и фантастичноста на дејствието, кое е во постојано движење. Настаните често се врз основа на историски случувања, како што се Седумгодишната војна и Лисабонскиот земјотрес во 1755 година. Она што мене ми беше навистина интересно е фактот што Кандид, иако речиси никогаш не му се случува ништо добро, наивно верува во поврзаноста и добрината на сѐ што постои во овој “совршен и хармоничен свет“.

Воден од љубовта и вербата во апсолутното добро, тој ќе заврши во Цариград, ослободен од метафизичките илузии и свртен кон попрактични и пополезни работи како обработување на земјата. Кандид сфаќа дека овој свет е далеку од совршеноста што ја застапуваат филозофите, но дека ние имаме можност самите да го осмислиме својот живот и да создадеме свој малечок, совршен свет.

Сите настани и случки од кои Кандид секогаш извлекува поука направија да застанам со читање и да размислам за животот што нѐ опкружува. Кога ќе видиме, тој навистина е сѐ, но не совршен. Ако сакате и вие да го доживеете овој несовршен свет на сатиричен, интересен начин тогаш дефинитивно треба да го прочитате ова дело на Волтер кое имено е најобработуваниот роман во Франција.

Убавина и тага - Јасунари Кавабата

Приказна за најдлабоките пориви што ги привлекуваат мажот и жената еден кон друг, но и ги свртуваат еден против друг.

Проткаена со убавината и магијата на далечниот Исток, на лирското и естетското, на кимоната и лепезите, оваа книга е потресно сведоштво за тоа колку мажот е подготвен да им робува на убавината и на страста, а жената целосно да ѝ се предава на љубовта.

“Убавина и тага“ е воспев на љубовта и на нејзината суштина како витална сила во животот на човекот.

Користејќи го судирот меѓу традицијата и современото живеење, Кавабата уште еднаш ја нагласува клучната улога на жената во светот и нејзината појава која не може да помине незабележана.

Page 1 of 2

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter