Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Daniela N.

Daniela N.

Тој и ниту еден друг

(Напомена: Оригиналниот наслов на книгава е „Heaven, Texas“, а е преведена на хрватски како „On i nijedan drugi.  Heaven било старото име на градот Телароса во Тексас, каде што се одвива дејството во книгата).

Напишана од Сузан Елизабет Филипс, „Тој и ниту еден друг“ е уште една љубовна приказна за двајца ликови кои никогаш не би можеле да се замислат заедно...

ТАА е ниска, несамоуверена, помирена со фактот дека никогаш нема да биде гламурозна како девојките во списанијата. Таа го крие своето тело под ужасната облека. Заљубена во поранешна рагби ѕвезда, уште пред воопшто да ја запознае, верува дека тој не би можел да се заљуби во некој како неа.

The playboy prince

The Playboy Prince е третиот дел од серијалот за кралството Кордина. Пред некое време излезе вториот „Желба и заповед“, за кој веќе има напишано статија. Оваа книга сѐ уште нема превод, па затоа и го оставив оригиналниот наслов. Јас имав голема желба да ја прочитам побрзо и ја најдов на англиски. Па, драги мои пријатели читатели, почитувачи на делата на единствената Нора Робертс, му дојде редот на принцот Бенет - неговото неверојатно, згодно, совршено, шармантно, незаменливо височество!

Во претходните два дела бевме дел од приказните на наследникот на тронот Александар и Ив - идната кралица, како и неговата сестра Габриела и агентот Рив и накратко се запознавме со животот на Бенет, онаков каков што е прикажан во медиумите.

Секој со своето езеро

Расказите на Јолдески се колебаат околу сопствениот идентитет и тематски осцилираат околу загрозените урбани пејсажи на нашите градови, околу тагата, стареењето, љубовта... Околу едно немирно мастилаво езеро. Расказите во книгава вчудоневидуваат и речиси сите редовно уште на самиот почеток ја кршат реалната и стабилна основа врз која стапнува читателот. Авторот брзо и возбудливо го ниша читателот во својата наративна лулашка. Поетиката на книгава ја напушта навидум наивната и засмејувачка атмосфера на дебитанското дело на Јолдески, но ги чува искреноста и автентичкоста и нѐ носи кон едни поинакви магливи брегови, каде што секој си има свое езеро...“

Не, ова не го напишав јас. Ова е напишано на задната корица, но потполно се согласувам со напишаното и сигурна сум дека во ниту еден живот не би успеала да го напишам подобро.

Го држев лаптопот в рака и ги разгледував книгите на моите полици, барајќи некоја за која нема напишано статија на сакамкниги.мк. Се израдував кога пред очи ми излезе оваа - Богови и херои во грчката и римската митологија, напишана на оригинално на српски од Ива Новак, а преведена кај нас од Младинска Книга.

Јас многу сакам да читам за митски суштества, боговите, различните божества и нивните неверојатни подвизи. Затоа и ја купив. Верувајте, ни 1 час не ми требашр да ја прочитам. Многу интересна книга, иако има околу 90 страници. Поделена е на неколку целини. Вовед, како појаснување за митологијата, митовите и материјалната реалност, нивната распространетост и безвременост.

Нора Робертс - Краеви и Почетоци

Решив да прочитам нешто што досега ретко сум читала, да речеме на пример љубовен роман, но во мојата малечка библиотека не најдов ништо такво, освен една книга која веќе ја имав прочитано. Подоцна на мојот роденден, како подарок ја добив оваа прекрасна книга Нора Робертс - Краеви и почетоци. Книга побарав - книга добив!

На задната корица пишува: „Младата ТВ Новинарка Оливија Кармајкл, желна за успех во кариерата и длабоко повредена од љубовниот живот, го сретнува нејзиниот директен ривал, познатиот и популарниот ТВ Новинар Т.Ц. Торп. Приказната започнува...“

Овие две реченици ме освоија и останав будна цела вечер само за да ја прочитам. Едноставно не можев да ја оставам настрана иако можеби и повеќе ќе уживав во речениците ако бев малку повозрасна...

Page 1 of 2

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter