Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(122 оцени)

Оваа книга ја споредуваат со Педесет нијанси на сиво, но јас веднаш би сакала да истакнам дека На улица Даблин не е Педесет нијанси на сиво или Соголена пред тебе. На крај ќе објаснам и зошто...

Сè што сака таа е сегашноста... но утрешниот ден чека.

Џоселин Батлер се крие и бега од своето минато со години. Но сега на сите нејзини тајни им се заканува разоткривање... Пред четири години, Џоселин го има оставено своето трагично минато во Америка со започнување на нов живот во Шкотска, закопувајќи ја својата болка, игнорирајќи ги сопствените демони и терајќи напред без емоционални заглавувања.

Оцена
(50 оцени)

ТАА Е ДОВОЛНО ПАМЕТНА ЗА ДА НЕ ГО КАЖЕ СУДБОНОСНОТО „ДА“.

После понижувачкото откажување на сопствената свадба, Сидни Синклер става крај на врските со мажи кои се плашат од врзување и посветување на една жена. Таа прави дури и цела листа која треба да ѝ помогне како подобро да ги препознава овие ѓубриња и женкари и да бега од нив. Но кога нејзината сестра ѝ соопштува дека ќе се мажи после кратка врска, Сидни заглавува со уште еден секси плејбој со фобија од сериозни врски – прекрасниот кум. Свадба или не, таа е решена да го игнорира Вон, бидејќи овој пат многу добро си ја има научено лекцијата.

Оцена
(65 оцени)

За време на саемот на книга оваа година, многу девојки и жени ни побараа нешто со еротска содржина.

Со оглед на тоа што јас не сум голем љубител на книгите во кои освен еротиката нема ништо друго, прочитав повеќе од триесеттина книги за да најдам романтична приказна во која ќе има интересни, секси сцени, но која нема тотално да се базира на истите. 

Да ви кажам искрено, не беше лесно да се најде ваква книга, но сепак успеав да одберам нешто необично забавно, смешно и неодоливо секси.

Ајде малку за кратката содржина...

Оцена
(13 оцени)

Џулија Мичел го препознава Професорот Габриел Емерсон на првото предавање на нејзиниот „Данте“ семестар, иако тој не се сеќава на неа. Судбината ги спојува неколкупати и тие започнуваат забранета (професор-студент) врска. Професорот е многу привлечен машки примерок со очигледна доза на агресивност и нестрпливост кон надворешниот свет во кој се крие една измачена душа која само неговата Беатрис може да ја излечи.

Од друга страна, Џулија е нежна и несигурна, кревка и срамежлива, исполнета со сочувство и добрина кон другите луѓе. Двата лика имаат истрауматизирано минато и нивната љубов е единствената утеха и заборав. Дијалозите меѓу нив се секогаш интензивни, како и нивната љубов.

Page 1 of 6

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter