Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(8 оцени)

Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво, дури и кога не ми е до смеење. Може да се каже дека пораснав со нејзините стари книги и серијали, но сега слободно можам да речам дека си најдов нова омилена книга од неа (на исто рамниште со Знаеш ли да чуваш тајна?), а тоа е нејзината фантастична Го имам твојот број.

Ајде малку за книгата...

Попи Вајат никогаш немала поубав период во животот. 

Оцена
(27 оцени)

Не знам дали некогаш во животот сум прочитала позабавна книга! Мислам дека не сум уживала и не сум се смеела олку од времето кога бев заразена со Кинсела!

Џесика Бим е девојка која знае да се забавува.

Само што во последно време заборава да се појави на работа навреме. Или во чисти алишта.

Кога на нејзината најдобра пријателка и шефица конечно ѝ доаѓа преку глава, Џесика одеднаш останува без работа и без дом, па нема друг избор, освен да ја побара својата баба, која никогаш ја нема запознаено.

Оцена
(41 оцени)

Најновото од Џули Џејмс, најпрво во Македонија, а потоа во Америка и останатите земји низ светот!

ТАА НЕ ВЕРУВА ВО ЉУБОВ И СРЕЌНИ КРАЕВИ...

По една страшна драма во нејзиниот дом, Викторија е принудена да ја напушти својата куќа и привремено да се всели во изнајмен стан до крајот на летото. Стан со кој доаѓа страшно иритантен и дрзок сосед.

Викторија Слејд има видено толку многу лоши и несреќни краеви во својот личен и професионален живот, што воопшто не ѝ е проблем да се откаже од помислата за брак засекогаш.

Оцена
(27 оцени)

Малку нерешителни пред да почнеме со преводот на оваа книга, направивме едно мини истражување помеѓу читателите кои ги имаат прочитано сите преведени книги од Џули со цел да дознаеме да не случајно им здосадила веќе по 5-6 книги, но скоро од сите го добивме истиот одговор: „Не, давајте уште, нема теоретска шанса да ми здосади од Џули!“

Па, кога веќе сите се со ист став и ненаситни за Џули, еве уште нешто од неа: Една неодолива љубов.

Ова е приказната на Кејд Морган и Брук Паркер, ликовите кои веќе им се познати на сите што ја прочитале На една свадба.

Page 1 of 34

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter