Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

И одеднаш едно лето - Џули Џејмс

Автор 
Оцена
(41 оцени)

Најновото од Џули Џејмс, најпрво во Македонија, а потоа во Америка и останатите земји низ светот!

ТАА НЕ ВЕРУВА ВО ЉУБОВ И СРЕЌНИ КРАЕВИ...

По една страшна драма во нејзиниот дом, Викторија е принудена да ја напушти својата куќа и привремено да се всели во изнајмен стан до крајот на летото. Стан со кој доаѓа страшно иритантен и дрзок сосед.

Викторија Слејд има видено толку многу лоши и несреќни краеви во својот личен и професионален живот, што воопшто не ѝ е проблем да се откаже од помислата за брак засекогаш.

Но тоа не значи дека има нешто против забавувањето без обврски - само не со безобразниот, арогантен сосед, кој е подеднакво згоден и прекрасен колку што е неподнослив.

И ОДЕДНАШ ЕДНО ЛЕТО...

Истражувачкиот новинар Форд Диксон е решен да го пронајде човекот кој ја затруднел сестра му, а потоа ја оставил на цедило. Па макар и ако тоа значи дека ќе треба да побара помош од безобразната нова сосетка која му лази по нерви уште од првиот ден. Форд не негира дека долгокосата бринета му ја полни главата со безобразни мисли, но кога станува збор за љубов и емоции, тој е уште поголем циник дури и од неа.

Кога меѓу нив почнуваат да летаат искри, ни едниот, ни другиот не знае каде ќе води сето ова. Но една работа е сигурна додека живеат вака врата до врата - ова ќе биде едно неверојатно жешко и врело лето.

И со оваа книга на госпоѓата Џејмс останувам на ставот дека нејзините најнови книги од ФБИ серијалот (оваа и На една свадба) ми направија повеќе мерак од првите четири книги. Човек можеби ќе си помисли дека би можело да му стане досадно да ги чита сите овие книги една по друга, но не. Јас лично УЖИВАВ во нејзината најнова книга и сега ЕДВАЈ чекам да видам што следно ќе ни подготви. Ликовите во книгава ми беа неверојатно симпатични и допадливи, а Викторија ми беше некако различна од останатите женски ликови во книгите на Џули.

Почетокот на книгата малку ме потсети на Сосед од пеколот, бидејќи кога Викторија се вселува спроти Форд, жива ненаспана и трауматизирана од драмата во нејзиниот претходен дом, тој продолжува да ја измачува и да не ја остава да спие со „фештите“ во неговиот стан, но и покрај краткотрајната сличност во дејствието, Џули си е своја како и секогаш, а тој нејзин шармантен сарказам не може да не те насмее и да не ти ги залепи ликовите за срце.

Книгата ќе биде пуштена во продажба за време на саемот на книга (2015) и ќе може да се купи на штандот на САКАМ КНИГИ по саемска цена.

Дополнителни информации

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Година на издавање: 2015 година
  • Број на страници: 330 страници
  • Цена на книгата: 390 денари
  • Ја има во: Топер, Три, Матица, Култура, Алби, Тримакс

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.

Луѓе во овој разговор

  • Еве да се пофалам дека конечно ја прочитав:) Дефинитивно различна од претходните книги, но сепак го има нејзиниот препознатлив шмек :) Според мене сеуште најомилена ми е На една Свадба(Вон ми го освои срцето), но се согласувам дека оваа е од нејзините подобри дела:) Како и да едвај ја чекам нејзината наредна книга а секако и наредните книги кои вие ќе ги издадете:)

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter