Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(9 оцени)

По смртта на нејзината мајка, Катарина (Кејт) Далтри во рок од две недели добива маќеа и полу сестра. Нејзиниот татко се жени со Маријана која ја доведува и нејзината преубава ќерка Викторија да живее со нив во куќата Јароу. За работите да бидат уште полоши набргу потоа починува и таткото на Кејт, па таа уште на шеснаесет години останува без наследството на татко ѝ кое преминува во рацете на Маријана и на нејзината ќерка, а Кејт се сели во поткровјето и постојано е во војна со Маријана која по сè изгледа сака да го уништи сето тоа што нејзините родители го создале!

Единствената работа за која Маријана се грижи е како добро да ја омажи својата ќерка Викторија додека за Кејт воопшто и да не помислува.

Оцена
(12 оцени)

Кога еден од нејзините поголеми покровители, коњичкиот капетан во Кралскиот Полк Кристофоро, гроф Ди Беневенто заминува, најпознатата и најпрекрасната од сите куртизани во Неапол мора да прифати друг покровител кој ќе може да се грижи за неа и за нејзините две девојчиња близначки.

Бидејќи Кристофоро се грижи за неа и за нејзината благосостојба, кога тој нема да биде во Неапол, на негово инсистирање таа го прифаќа младиот шпанец, Мигел Васкез.

Тој е триесет годишен полковник во шпанската војска и очаен е за друштвото на некоја убава жена! А тоа е Франческа! 

Оцена
(5 оцени)

Сите имаме некоја скриена тајна, нешто што го чуваме длабоко во себе за другите да не можат да го видат. За жал, Сејџ Сингер ја нема таа можност. 

Нејзината тајна, нејзината вина е испишана низ нејзиното лице, една грозна лузна која таа дозволува да го контролира нејзиниот живот.

Поради таа лузна Сејџ не сака да има контакт со луѓе и ги избегнува на секој можен начин. Затоа работи во пекара, секогаш ноќна смена, за никој да не ѝ го нарушува мирот. И затоа се гледа со оженет маж, бидејќи мисли дека никој друг нема да ја сака и не заслужува подобро.

Оцена
(5 оцени)

Од перото на кралицата на историскиот роман - Филипа Грегори - доаѓа уште едно моќно дело за Војната на Розите, овој пат низ приказната нè води наследничката на Династијата Ланкастер - Маргарет Бофорт...

Англија, 15 век... Наследничката на црвената роза Ланкастер – Маргарет Бофорт, отсекогаш и ниту во еден момент не се откажува од својата верба дека нејзината куќа е вистинскиот и единствениот владател на Англија. Венчана за маж дупло постар од неа, вдовица од првиот брак и мајка само на четиринаесет години, Маргарет е решена својот осамен и побожен живот да го претвори во триумф!

Page 1 of 33

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter