Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Раскажувачката – Џоди Пико

Автор 
Оцена
(5 оцени)

Сите имаме некоја скриена тајна, нешто што го чуваме длабоко во себе за другите да не можат да го видат. За жал, Сејџ Сингер ја нема таа можност. 

Нејзината тајна, нејзината вина е испишана низ нејзиното лице, една грозна лузна која таа дозволува да го контролира нејзиниот живот.

Поради таа лузна Сејџ не сака да има контакт со луѓе и ги избегнува на секој можен начин. Затоа работи во пекара, секогаш ноќна смена, за никој да не ѝ го нарушува мирот. И затоа се гледа со оженет маж, бидејќи мисли дека никој друг нема да ја сака и не заслужува подобро.

Во пекарата го запознава Џозеф Вебер, маж кој веќе е на залезот на својот живот, но нешто сѐ уште го држи на земјата. Како што го запознава подобро, Џозеф ѝ вели на Сејџ дека од неа сака една огромна услуга.

Да му помогне да умре.

А за да разбере зошто сака да го направи тоа, тој мора да ѝ ја каже својата приказна.

Приказната за неговиот живот како дете, а потоа како нацист, во служба на Хитлер.

Сејџ во тој момент разбира зошто го бара тоа токму од неа. Бидејќи таа потекнува од еврејско семејство. Всушност, нејзината баба го преживеала холокаустот.

Значи, од една страна ја дознаваме приказната на младиот Германец, ги гледаме ужасите кои ги направил во текот на војната, а од друга страна ја имаме приказната на Минка, бабата на Сејџ, младата Еврејка и ужасите кои таа ги претрпела за време на војната во различни концентрациони логори.

Како овие приказни ќе се спојат?

Плус, испреплетена низ страниците е приказната на Сејџ, нејзината борба со простувањето, со наоѓањето на нејзиното место под сонцето.

На почетокот нејзиниот лик не ми беше воопшто симпатичен, но понатаму се менува и се развива во приказната, нешто што Џоди Пико го има усовршено.

Одлична приказна, морам да признаам дека ме остави без спиење, а и по читањето ужасни слики ми се мотаа по главата. Има навистина детални описи од логорите и од маките и стравовите низ кои Евреите поминувале во тоа време.

Џоди Пико завршила прекрасна работа со книгава и дефинитивно Раскажувачката на приказни ми е најдоброто нешто од неа.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.

Луѓе во овој разговор

  • Уште една книга за мојата листа за читање ... НАвистина ме заинтересира со статијава Читателке ,штета што сега немам многу време за читање бидејќи спремам испит ама кога се ослободам од обврските книгава е една од првите што че ги земам на читање :)

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter