Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Љубовникот на куртизаната - Габриела Ким

Автор 
Оцена
(13 оцени)

Кога еден од нејзините поголеми покровители, коњичкиот капетан во Кралскиот Полк Кристофоро, гроф Ди Беневенто заминува, најпознатата и најпрекрасната од сите куртизани во Неапол мора да прифати друг покровител кој ќе може да се грижи за неа и за нејзините две девојчиња близначки.

Бидејќи Кристофоро се грижи за неа и за нејзината благосостојба, кога тој нема да биде во Неапол, на негово инсистирање таа го прифаќа младиот шпанец, Мигел Васкез.

Тој е триесет годишен полковник во шпанската војска и очаен е за друштвото на некоја убава жена! А тоа е Франческа! 

Таа била платена љубовница на петтиот војвода од Ферара цели осум години пред да избега од него и да дојде во Неапол започнувајќи со работата како куртизана, заедно со Модесто, кој од тогаш е нејзиниот ангел чувар, нејзина совест, нејзин слуга, постојано е тука за неа, бидејќи многу често Франческа знaе да избере погрешни луѓе на кои ќе им се предаде за на крај едвај да извлече жива глава без да биде повредена. Еден од тие е и војводата од Ферара кој е и татко на близначките Беата и Изабела.

Од кога се среќаваат во Салермо Модесто прифаќа да работи за неа. Животот не му бил благонаклонет и тој ја има таа несреќа да има убав глас и токму поради него да ја доживее судбината да биде предаден од сопствените родители. На десет годишна возраст тој е продаден од страна на своите родители на евнусите, за да го школуваат неговиот глас, и да може поубаво да пее. Но за таа цел тој треба да ја прифати судбината на евнух, кастрат. Од нивната средба во Салермо ја прифаќа понудата на Франческа и е постојано крај неа. Ја поттикнува да запишува сè што ќе слушне за време на посетите на нејзините патрони од нив, понекогаш ако е потребно дури и цели разговори, бидејќи некогаш нешто од тоа би можело да и биде од полза, а таа да не е свесна за тоа. Колку ли Модесто е во право, како и секогаш. Тие тетратки под наслов Книга за средбите многу ќе и помогнат кога таа ќе се најде во ситуација да сака да го напушти тоа што го работи, бидејќи тогаш ќе има многу незадоволни патрони кои ќе сакаат да ја повредат сакајќи со тоа да си го задоволат своето повредено его.

Франческа многу често се фаќа како размислува за жените кои се спротивни од неа, жените кои се сакани поради тоа што се, а не поради тоа што го прават и како изгледаат. Средбата со момчето Џани, на кое треба да му помогне да влезе во млдешките години и да се ослободи од стравот да биде со жена ќе и го потврди тоа но, и ќе промени нешто во Франческа. Мислам дека ни брат му Карло не може да претпостави како неговиот план да му помогне на срамежливиот Џани ќе влијае врз него. Но клучната пресвртна точка во нејзиниот живот е приемот на кој ќе придружува еден од нејзините патрони, Филипо, преправена како негова ужалена роднина. Таму и е дозволено да го ѕирне светот каков што не може да го замисли, светот на љубезно и нежно пријателство, свет сосем различен од нејзиниот. Таму таа сфаќа дека познатиот пејзаж на нејзиниот секојдневен живот е сосема спротивен од тој, невкусен и без љубов. Средбата со Лука само го потврдува тоа дека Франческа во тој момент се наоѓа загубена во туѓа земја, во присуство на маж кој го посакува, а не знае што треба да каже ниту пак како треба да се однесува. Сè во неа ја посакува промената, а дали љубовта ќе и биде возвратена и дали ќе вреди за ризикот кој го прифаќа... тоа останува помеѓу вас и авторката.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter