Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Ние бевме лажговци - Е.Локхарт

Автор 
Оцена
(28 оцени)

Награда за книга на годината во 2014 од страна на GR, најголемата мрежа за љубители на книги во светот.

Прекрасно, богато и специфично семејство. Приватен остров...

Брилијантно, повредено девојче; страсно, посиромашно момче.

Група од четири пријатели - Лажговците - чие пријателство станува деструктивно.

Револуција. Несреќа. Тајна. 
Лаги врз лаги врз лаги.
Вистинска љубов. Вистината.

„Ние сме Лажговците. Ние сме прекрасни, привилегирани и водиме безгрижен, луксузен живот. Ние сме напукнати, оштетени и скршени. А ова е приказна за љубов и семејство. Ова е трагедија. Но што е вистина? А што лага?“

Каденс, Гет, Мирен и Џони. Лажговците. Деца од исклучително богато семејство кои фамилијарно ги минуваат летата на приватен остров во сопственост на нивниот дедо. Нивните мајки се сестри, наследнички на големо богатство. Бесценетите внуци се високи и витки, со светли кожи и руси коси, образовани деца со дарба за спорт. Но дали работите се навистина тооолку совршени како што изгледаат? Каденс не може да се сети на ништо по несреќата... На ништо...

Ова е една навистина интересна книга, од многу аспекти. Околу неа почна да се крева голема прашина уште од моментот кога ја пуштија во продажба и мислам дека таа прашина уште не е слегната. А има и зошто, барем во пресвртите и крајот на книгата. И покрај тоа што станува збор за прилично мала книга, морам да признаам дека првиот дел беше малку бавен за мој вкус и можеби и ќе ја оставев ако ги немав прочитано коментарите на другите читатели по интернет: „Каков крај! Каков пресврт! Ме полазија морници. Незаборавна книга...“ А откако ја дочитав приказната, ми беше мило што истрајав. Ако откријам нешто повеќе сега, само ќе ви го уништам уживањето и изненадување вам, па затоа ќе скратам.

Би додала само уште дека ова е модерна, софистицирана новела која ќе се вреже во сеќавањето на секој читател. Прочитајте ја. А ако некој ве праша како завршува, едноставно ИЗЛАЖЕТЕ.

Книгата ќе биде пуштена во продажба за време на саемот на книга (2015) и ќе може да се купи на штандот на САКАМ КНИГИ по саемска цена.

Дополнителни информации

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Година на издавање: 2015 година
  • Број на страници: 270 страници
  • Цена на книгата: 380 денари
  • Ја има во: Топер, Три, Матица, Култура, Мамут, Тримакс

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.

Луѓе во овој разговор

  • Книгава ја прочитав и хмм... некако цело време ми делуваше просечна, со исклучок на крајот кој беше ОК во глобала. Освен ликот на Каденс кој искрено ми се допадна, голем дел од другите ликови беа реално лошо разработени, да не кажам само колку да ги има во книгата. Не дека сум преразочаран, но очекував повеќе од книга која добила награда за книга на годината и која претендира од неа да се направи филм. Дел од вас можеби ќе се сложат со мене, дел можеби не, но како и да е нема што да изгубите ако ја прочитате книгава. Би ја оценил со скромна 3ка! ;)

    0 Like
  • Гостин - Angela

    Книгава станува интересна вториот пат кога ќе ја прочитате! Trust me :)

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter