Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Среќен е тој што умее да сака - Херман Хесе Featured

Автор 
Оцена
(283 оцени)

Среќен е тој што умее да сака - Херман Хесе

Љубовта е постојано егзистенцијално трагање на патот на создавањето и уништувањето на сопствениот идентитет, состојба на посебна инспирација и мисла, а никогаш поседување.

Среќен е тој што умее да сака е збирка од најубавите раскази, поеми и цитати за љубовта на германскиот литературен великан Херман Хесе. На околу 200 страници се испишани неговите сфаќања за љубовта, како за платонската, така и за зрелата љубов и филантропијата.

Книгата изобилува со приказни кои и немаат среќен крај, но тоа е и основната идеја на Хесе – дека само несреќната љубов може да е вистинска љубов.

Меѓу настаните опишани во расказите има и реални, и имагинативни, но едно е сигурно – нема да Ве остават рамнодушни.

Топло им ја препорачувам книгата на сите што сакаат да ја видат другата страна на љубовта, дека таа е многу повеќе од чувство што нè исполнува и нè прави неизмерно среќни. Напротив, вистинската љубов се докажува преку болката што ја нанесува.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Е оваа книга е една од многуте кои сум ги позајмила некому, а не ми биле вратени :(
    Штета, зашто навистина е убава...

    0 Like
  • Љубовта не е тука само да не усреќи, туку да ни покаже дека можеме да бидеме цврсти и во страдањето и во поднесувањето.....
    Лесна а убава книга!

    0 Like
  • Премногу едноставна, а уште повеќе моќна да ни ги смени перцепциите за љубовта. Откако ја прочитав многу мои гледишта за љубовта целосно се изменија и верувам дека се изменија во правилна насока...Хесе е најдоброто нешто што ми се случило!

    0 Like
  • И мене...

    0 Like
  • Kniga sto mislam deka retko kogo ke go ostavi ramnodusen,ili retko koj ne bi se nasol vo nea.
    Lesna za citanje,bi rekla za sekogo

    0 Like
  • Одлична книга, ја читав одамна ама ми остави голем впечаток. Многу е лесна за читање, расказите се интересни, ја препорачувам :)

    0 Like
  • Колку само се израдував кога пред некои 5 години (така ли беше?) видов дека оваа книга е вклучена во едицијата која тогаш се продаваше заедно со некои други весници. Помнам дека долго долго чекав во редицата за да ја купам, плашејќи се дека ќе останам без неа...хаха. Навистина прекрасна книга, и дефинитивно нешто кое вреди да се прочита. Пофалби за статијата и поздрав

    0 Like
  • "Тоа што секоја љубов во себе носи длабока трагичност најмалку може да биде причина да не се љуби"
    Оваа решеница ја сретнав во споменатата книга и одвоив некое време анализирајќи ја. Тоа ме доведе до заклучок дека никогаш не треба да се откажуваме уште на самиот почеток. Секогаш треба да се соочиме со реалноста иако не е секогаш каква што ја посакуваме. И никогаш не би постигнале нешто доколку се откажеме од љубовта. Многу ми се допадна книгата а исто така и статијата наменета за истата.

    0 Like
  • Супер книга-супер статија !

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter