Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Вкусот на гревот - Зорана Шулц

Автор 
Оцена
(20 оцени)

Што е минатото? Она што го паметиме или она на што сакаме да се сетиме, она што сме го доживеале или она што мислиме дека сме го преживеале.

Валерија на 31ви Декември е во својата куќа на море, по која како девојка постојано сонувала. Додека сите нејзини другари летото го поминувале во близина на морето таа летата ги минувала патувајќи од едно место до друго, од куќата на татко ѝ до куќата на мајка ѝ или пак е кај нејзините баба и дедо, како да е некој предмет што нејзините родители неволно го влечкаат како последица на една нивна погрешна одлука, без да сфатат што значи тоа за едно дете.

Сега, по толку време, таа е во својата куќа на море, сама, затоа што таа така одлучила, сеќавајќи се на секој поминат миг од својот живот, повторно оживувајќи ги спомените, за потоа да влезе во Новата Година одмаздувајќи им се за сè на сите оние кои ја повредиле.

Токму спомените на Валерија ја оформуваат целава приказна на романот. Облекувајќи ја на себе само долгата бунда од лисица таа претура по накитот што го добивала целиот свој живот. Секое парче е поврзано со по некој спомен од нејзината младост.

На 16 години го добила својот прв подарок, прстен, од Ѓорѓе и тогаш за првпат Валерија сфаќа дека мажите во неа гледаат жена, вистинска жена, а не девојче од 16 години. Старинскиот сребрен брош од баба ѝ ја потсетува на најсреќниот период од нејзиниот живот, детството поминато кај баба ѝ и дедо ѝ. Уште како малечка, само на една година, родителите ја оставаат кај  баба ѝ поради кризата во нивниот брак. Мајка ѝ, Ана, студена жена, ја лишува Валерија од секаква мајчинска љубов и нежност, жена која ја родила за потоа да се откаже од неа, учителка која воспитувала туѓи деца, а своето го занемарува, жена која со својата венчавка уништува три животи : нејзиниот, на нејзиниот сопруг и тој на Валерија.

Љубовта кон татко ѝ избледува кога тој ја запознава со својата нова сопруга Љубинка. Обземен од неа, тој како да не ја приметува Валерија и таа уште од тогаш учи како да носи маска со насмевка на лицето и никому да не покажува како се чувствува. Дури тогаш сфаќа дека не е среќен секој што се смее.

Од престојот кај баба ѝ и дедо ѝ ѝ останува желбата што постојано ќе ја носи со себе – да најде свое прибежиште и во него да биде сакана и несебично да ги подарува своите чувства накому, да има свое семејство кое ќе ја сака и кое ќе го сака. Целата беда на нејзината реалност и целата тага поради недостигот на семејството Валерија го крие со изгледот и со таинственото однесување. Иако не успева да влезе во актерските води поради мајка ѝ, таа станува голема актерка во својот живот.

По еден многу страшен настан, Валерија се зарекува дека веќе никогаш во нејзиниот живот ниеден маж нема да ја повреди. Таа ќе биде онаа што ќе управува со нив, секој од нив ќе ѝ биде роб, ќе прави со нив што ќе посака, затоа што одмаздата нема граници. Но кој ќе биде тој што ќе ѝ овозможи да го вкуси гревот и ќе ѝ ја оствари најпосакуваната желба?

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter