Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Патување од сто чекори - Ричард С. Морејс

Автор 
Оцена
(7 оцени)

Чуден е животот. Хасан потекнува од сиромашно семејство кое полека, со успешна работа, од малечка гостилница, стигнува до тоа да поседува ексклузивен ресторан во Бомбај. Уште од мал живеејќи над гостилницата и растејќи со мирисите на зготвените специјалитети почнува да ги распознава посебните мириси и вкусови на зготвеното и полека почнува да помага во готвењето на баба му, Ами, од која и ги учи дел од рецептите за готвење. Постојано е опкружен со мирисите и вкусовите и уште од мал го открива талентот и љубовта кон готвењето. Разговорите со чираците во гостилницата и обиколувањето на бомбајскиот пазар Крафорд заедно со готвачот Бапу дополнително му помагаат да ја стекне најважната вештина на еден готвач – мајсторството во избирање на свежи производи.

Единствена цел на семејството на Хасан е постојано да се трудат да биде подобро затоа што секогаш може да биде подобро! Токму поради тоа тие секоја недела ги прегледуваат нарачките за да утврдат кое јадење повеќе се бара, а кое помалку и постојано се трудат да ги подобрат старите рецепти.

Зборовите на мајка му, која несреќно загинува, тогаш кога го посетуваат францускиот ресторан, засекогаш ќе му останат во сеќавањето на Хасан  – Никогаш не плаши се да пробаш нешто ново, тоа е зачинот на животот!

По несреќата татко му ја продава целата земја и тие заминуват во Англија. Оттргнати од удобноста на  нивниот дом, тој период од две години на тажење му служи на целото семејство, а посебно на Хасан, како период за вистински да можат да се збогуваат со нивната мајка, Тахира, но пред сè да успеат да продолжат со нивните животи. Не случајно ја избираат тмурната и дождлива Англија бидејќи тамошните временски услови се поклопуваат и со нивното тажење.

Хасан секогаш ќе биде благодарен на престојот во Англија кој му помага да сфати дека неговото место е токму во кујната!

Со официјалното завршувње на периодот на тажење, семејството Хаџи продолжува со животот, вртат нов лист, оставајќи ги загубените години зад себе и враќајќи се онаму каде што и припаѓаат – во угостителскиот бизнис,  сместувајќи се во малиот француски град Лумиер. Секој почеток во ново место не е лесен. Така е и за семејството Хаџи, бидејќи мораат да се соочат со мадам Гертруда Малори, шеесет и пет годишна сопственичка на Ле Сол Плерер, еден од најдобрите мали рурални хотел-ресторани во Франција, добитничка на две ѕвезди и во очекување на третата! Таа потекнува од долга лоза на истакнати хотелиери, отмена госпоѓа чие очекување на третата ѕвезда за достигнување во кулинарството е загрозено од пристигнувањето на парталавото и бучно семејство Хаџи.

Нивната тивка војна започнува. Малори е решена да ги отстрани бучните индијци, а семејството Хаџи е решено да ѝ докаже на непријатната госпоѓа дека и нивната кујна го има тој префинет стил и вкус како и нејзината! Нивните расправии кулминираат со несреќата која ја доживува Хасан, но успева некако да ги промени и Малори и семејството Хаџи.

Во тој период Хасан го започнува своето патување од сто чекори, патување толку кратко, но и толку долго, патување на кое ќе искуси многу болка, разочарување но и многу успеси. Но дали тој ќе успее да ја добие престижната награда – три ѕвезди, која мадам Малори никогаш не успева? Дали нему среќната ѕвезда ќе му се насмее?

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.

Луѓе во овој разговор

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter