Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Повторно дома - Анти Тури

Автор 
Оцена
(6 оцени)

По многу години поминати во Америка, Ерки Хакала, на четириесет и пет години, повторно се враќа во својот роден град, во Финска. Принуден од даночните власти да емигрира во Америка, поради ткајачницата и пропаѓањето на бизнисот, сега кога делото против него е застарено, тој се враќа да продолжи со животот таму каде што застанал и со тие кои ги оставил кога заминал. Иако ништо не му останало, бидејќи банката му ја зела неговата стара куќа кога ткајачницата што ја водел неговиот брат банкротирала, ставајќи ја како гаранција за заемот кој бил земен за да се разработи истата, а мајка му од кога ја губи куќата и имотот оди во дом за стари лица, сепак тој не губи надеж. 

Кога ќе размисли поубаво нема ништо поради што би сакал да се врати: ќерка му не се сеќава на него, сопругата има дете од друг човек, имотот го губи, а мајка му е во дом за стари лица, сепак врските не се трајно избришани.

Во Америка работел во автомобилската индустрија – помагал во увозот на автомобили во Финска, по сè изгледа на црно. Кон крајот на осумдесетите тој придонел многу за зголемувањето на квалитетот на возилата во околината испраќајќи многу бродови од Мајами, Флорида во Финска, кога курсот на доларот бил сè уште низок, законите праведни, а правото на страната на малиот човек.

Сега Финска е влезена во Европската Унија и сите се надеваат дека се ближи крајот на лошите денови и услови за живот каков што бил за време на Втората Светска Војна помеѓу Германија и СССР.

Со парите заработени во Америка Хакала се решава да го купи бизнисот на браќата Партанен, нивната фабрика во Јаласјарви во близина на индустриската зона. Од кога ќе успее во тоа се надева дека заедно со неговата сопруга Каису ќе продолжат таму каде што застанале од кога таа се враќа од Америка, а тој го продолжува својот престој таму. Многу гласини допреле до него во врска со Каису, неговата ќерка и детето кое таа го има од друг човек. Но тоа него не го засега ако успее да си го среди животот, бидејќи и тој не бил баш некој пример за верност додека бил во Америка.

Како минува времето работите полека почнуваат да си доаѓаат на свое место, но дали одлуката да остане во Финска е она правилната и дали Каису ќе успее да му прости нему како и тој нејзе? Свесен е дека работите не можат да бидат како што некогаш биле, но од друга страна ако почне одново, овојпат правилно, можеби и ќе успее во тоа што го работи!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.

Луѓе во овој разговор

  • Каде би можел да ја најдам?

    0 Like
  • Одговор на: Nefelibata

    За оние кои сакаат да ја прочитаат книгава, може да ја најдете во издание на Антолог. Јас сè уште ја немам купено и прочитано, а се надевам дека колку што е можно побрзо ќе ја набавам.

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter