Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Зима со мирис на капини - Сара Џио

Автор 
Оцена
(5 оцени)

Сара Џио како автор за првпат се појави во 2011 година со книгата The Violets of March и уште со таа книга, почна еден интересен феномен, односно читателите почнаа да ја нарекуваат „feel-good author“, а нејзините книги „feel-good“ книги. Морав да се изразам вака, бидејќи буквален превод немам, но се мисли на тоа дека огромен дел од читателите велат дека едноставно се чувствуваат некако убаво додека ги читаат нејзините приказни. Ова веројатно произлегува од тоа што нејзините книги се некако топли, ликовите мили и убаво опишани дури и кога на моменти се малку наивни или недопадливи, приказните речиси секогаш со двојна нарација за забранета љубов или љубов во време на војна или љубовници од различни класи и така натаму.

Некои читатели ги споредуваат нејзините книги со книгите на Лусинда Рајли и Кристин Хана, а други пак велат, „Џио ми е мала, безобразна тајна. Нејзините книги понекогаш ми потсетуваат на сапуници, а не можам да престанам да ги читам“. Во изминативе 6 години, нејзините книги се преведени во 30 земји и таа веќе има милиони обожаватели. Со оглед на тоа дека Зима со мирис на капини ѝ е една од најпопуларните и најубавите книги, ние решивме да почнеме од неа па да продолжиме понатаму со другите.

И во оваа книга имаме двојна нарација, паралелно ни раскажуваат две жени; двете од Сиетл, само едната живее во 1933, а другата во 2010 година. Самохраната мајка Вера Реј има тригодишно синче, кое навечер со тешко срце го заклучува само дома, бидејќи нема кој да ѝ го чува кога е трета смена во хотелот каде што работи како собарка. Еднаш дури и го има однесено на работа со себе, но не смее веќе да ризикува затоа што и без тоа не им стигаат средства за трошоци и кирија, па не може да си дозволи да ја изгуби работата. Кога излегува од работа следното утро, гледа дека градот го покрил голем снег, иако е месец мај. Кога стигнува дома открива дека нејзиниот син исчезнал во текот на ноќта. Надвор, го наоѓа неговото сакано мече фрлено на подмрзнатата улица, а снегот веќе ги има скриено неговите стапки, како и на личноста што го зела. Вера е избезумена, не знае каде да се обрати и што да направи за да си го најде детето. Додека трага по него, паралелно ни ја раскажува приказната за љубовта со таткото на Даниел, богатиот Чарлс.

Осумдесет години подоцна, новинарката Клер Олдриџ добива задача да пишува за снежната бура, чуден феномен во мај кој се случил и во 1933 и така дознава за нерешениот случај со киднапирање дете, па си се заколнува дека ќе ја открие вистината. Во меѓувреме се труди да се опорави од лична трагедија и да си го спаси бракот кој стои на стаклени нозе. Во процесот дознава дека таа и Вера може да се поврзани на неочекуван начин…

 Да не откривам повеќе, останува на вас да дознаете што се случило со Даниел, со Вера и Чарлс, со Клер и нејзиниот сопруг, како и другите ликови што имаат своја улога. За крај можам само да им ја препорачам книгата на сите оние кои сакаат убава драма, особено во зимските денови.

Дополнителни информации

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Година на издавање: 2017
  • Број на страници: 310
  • Цена на книгата: 400 денари
  • Ја има во: Топер, Три, Матица, Култура, Мамут, Тримакс

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter