Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(1 Оцена)

Кога почнав да ја читам книгава не очекував ништо помалку од совршено изградени карактери, емоционално трогателна приказна испреплетена со мистерија. И го добив токму тоа. Ако не и повеќе. Џоди Пико маестрално ја завршува работата, нејзината техника на раскажување е беспрекорна, приказната ја везе како пајакот мрежата, без ниту една грешка, цврсто и нераскинливо.

Настаните ги следиме низ очите на пет ликови, што ни дава шанса да оствариме длабока врска со сите нив, да ги осетиме нивните емоции и размислувања како наши.

Но сепак, ликот кој останува со нас, кој допира директно во нашите срца е Џејкоб.

Оцена
(6 оцени)

Љубовта најчесто е нашата најголема движечка сила во животот, љубовта е таа која што ни ги исполнува срцата со највозвишени чувства... Но што кога времето е нашиот најголем непријател, пречката која ни стои на патот за нејзиното остварување?

Нова и Малволио се пријатели уште од најраното детство, заедно растат, заедно се борат против лошото, се радуваат на доброто...

Мајката на Мал е биполарна, па тој поголемиот дел од времето го поминува со семејството на Нова. Може само да се замисли колку е тешко за едно дете да се носи со таков товар, со мајка која на неколку пати се обидува да си го одземе животот.

Оцена
(10 оцени)

Мала сопруга

Роман за еден љубовен триаголник, за една сопруга, еден сопруг и неговата љубовница, приказна за големината на љубовта во бракот, за љубовта пред бракот, за гордоста, лагите, неверството...

Бранко е млад човек, кој благодарение на својот брат се школува и станува добар и успешен лекар. Тој е во љубовна врска, заљубен е во Нада, вдовица, која не смее да се омажи за друг човек за да не ја загуби пензијата од својот покоен сопруг.

Двајцата живеат со надеж дека ќе дојде денот кога ќе можат да стапат во брак. Но нивната љубов мора да се жртвува. Бранко прифаќа брак од корист, брак за пари, љубовта и обврската кон братот и неговото семејство е поголема.

Оцена
(14 оцени)

Мајката на оризот

Мајчината љубов не признава закони, ниту граници, ниту пак се поклонува пред каков и да е господар освен пред себеси!

Лакшми е израсната со приказните на мајка ѝ, приказните од едни посреќни времиња кога мајка ѝ живеела во богатство и љубов, сѐ додека таа будалесто не го напушта сето тоа за тајно да се омажи со еден неранимајко, коцкар и пијаница. Затоа Лакшми не знае ништо за таквиот живот освен за тој во кој израснува, исполнет со лаги и сиромаштија, но сепак полн со љубов. Во ниту еден момент од нејзиното детство не ѝ недостигала љубовта од мајка ѝ.

Во тоа безгрижно време девојчињата, за разлика од момчињата, не оделе на училиште, но мајка ѝ ја учи да чита, пишува и смета. За да не ја направи Лакшми истата грешка како неа, мајка ѝ ја мажи за постар човек, вдовец со две дечиња, но мошне богат.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter