Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(12 оцени)

Љубов и приврзаност

Болката никогаш не може да се надмине, само научуваш да живееш со неа. Но, времето лекува сѐ. Животот никогаш не нѐ става пред искушенија што не можеме да ги надминеме и кога една врата се затвора, друга се отвора!

Едно сосема случајно ветување на Хариет го менува целиот нејзин живот! Таа на 32 години станува законски старател на децата на сестра ѝ Фелисити, која загинува во сообраќајна несреќа заедно со нејзиниот сопруг Џеф. Наивното ветување на Хариет кон сестра си дека ќе се грижи за децата ако нешто ѝ се случи нејзе, само за да ја задоволи Фелисити, ја претвора Хариет во старател на Кари и Џоел!

За неа може да се каже дека е сѐ само не родителски настроена.

Оцена
(20 оцени)

Ја купив оваа книга од аеродром, набрзинка, мислејќи дека се работи за некој вид на трилер и покрај корицата која е малку понежна. Имам прочитано неколку книги од Дејвид Балдачи и навикната сум на неговите трилер наслови, но ова е една сосема поинаква книга, најверојатно неговата единствена драма.

Речиси е Божиќ, но нема радост и среќа во куќата на терминално болниот Џек и неговото семејство. Во краткото време живот кое му е преостанато, тој се обидува да се подготви за да се збогува со неговата прекрасна сопруга Лизи и нивните три деца. Тогаш се случува нешто трагично, нешто сосема неочекувано, една лоша работа по друга. Една вечер Лизи излегува од дома на лошото време за да купи апчиња за Џек кои заборава да ги купи дента и таа загинува во сообраќајна несреќа.

Оцена
(11 оцени)

Сара Адисон Ален е една од најпознатите и најомилените писателки на книги со елементи на фантазија и магија. Овде не зборуваме за трилер дела каде магијата се користи за борби на добро-лошо помеѓу ликовите, овде зборуваме за топли книги, пријатни драми каде магијата се користи сосема малку, доволно за да ви го загрее срцето и да креира неповторлива приказна. Во нејзин стил, Градината со магични билки е токму таква книга и најверојатно најпопуларната книга на авторката.

Жените од семејството Вејверли - без разлика дали го сакаат тоа или не - обично наследуваат некакво чудно наследство, наследство кое расте во заградената градина во нивната стара куќа во Северна Каролина. Оваа градина е полна со растенија, дрвја и овошки и секое едно од нив има способност да влијае на луѓето кои ги јадат на навистина чуден начин.

Оцена
(70 оцени)

Сите оние кои беа воодушевени од Рингишпил сигурно многу ќе се израдуваат на новиот роман од истата авторка. Писмото на госпоѓа Вилма нема ниту на момент да ги разочара вашите очекувања. Ова е една убава, а истовремено и чувствителна семејна приказна во која ќе уживате со секоја наредна страница, во секоја нова реченица и на крајот ќе посакате уште некој ред повеќе. На кратко ќе се обидам да ви кажам за што станува збор и да ве натерам да уживате во оваа книга.

Приказната започнува кога Артур Вајс, професор по компаративна книжевност кој заедно со својата сопруга и своите три деца живее во Америка ќе посака да дознае нешто повеќе за минатото на својата фамилија, ќе посака да ги открие своите корени.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter