Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(45 оцени)

Сѐ што премолчавме

Еве уште една интересна приказна од перото на познатиот писател Марк Леви. Ова е една неверојатна авантура во која ќе уживате во секоја прочитана страница а притоа ќе посакате да има уште некоја плус за да уживате во нежноста, возбудата и хуморот. Станува збор за приказна за односот помеѓу татко и ќерка, за нивната взаемна љубов.

Џулија и нејзиниот татко Ентони Волш немаат баш најдобар однос, т.е. тие не чувствуваат никаква меѓусебна блискост. Додека Џулија се подготвува за нејзиниот најсреќен ден во животот, добива вест дека нејзиниот татко е мртов. Овој пат и таа мора да признае дека тој има навистина добра причина да отсуствува од нејзината венчавка. Така наместо да присуствува на својата свадба, Џулија присуствува на погребот на својот татко.

Оцена
(31 оцени)

Ова е книга која верувам дека многумина од вас ќе остави без здив сѐ додека не ја прочитате и последната нејзина страница. Одамна не сум прочитала нешто толку интересно што би го задржало моето внимание, а страниците би летале сами, и со сигурност тврдам дека ова е приказна која целосно ќе ве обземе. Накратко ќе се обидам да ви ја раскажам содржината сѐ со цел да ве натерам да ја земете во раце оваа прекрасна книга и да уживате во неа, затоа што ова е нешто кое не смеете да го пропуштите.

Приказната ја раскажува Маримуту Мами после посетатата на една новинарка, таа ни самата не била свесна дека во својата 92 годишна возраст сѐ уште ќе се сеќава на својата младост, но сеќавањата едноставно сами почнуваат да и доаѓаат за ја потсетат на целиот нејзин животен пат.

Оцена
(13 оцени)

Родени предвреме

Малечка книга, но со скапоцена содржина, барем што се однесува за авторката. Пишувана според вистинит настан, за која треба многу храброст и сила да се открие низ што сѐ поминала таа лично. За борбата и тешкиот период низ кои поминала.

Книга посветена на предвреме родените близнаци Александар и Василиј. Како и на сите предвреме родени деца.

Оља не е свесна кога ѝ започнуваат породилните болки, два месеци порано. Кога пристигнува во болницата главата на едното бебе е веќе во каналот и треба да излезе секој момент. Бидејќи носела близнаци и мислела дека ќе се породи со царски рез, не се потрудила да оди на вежби за дишење, и затоа ѝ е многу тешко додека ја совлада таа техника, сега за време на породувањето.

Оцена
(22 оцени)

Збогум, Жанет

Ова е дело кое морам да напоменам дека не е по мој вкус, што не значи дека и не вреди да се прочита. Во овој роман има премногу еротски набој, а главните ликови постојано се под дејство на дрога, трева и допинг. Морам да кажам дека мене не ме воодушеви бидејќи очекував многу повеќе, но сепак има приказна која ќе ве држи за да не ја оставите книгата и сепак да ја дочитате. Накратко ќе се обидам да ви ја раскажам содржината и можеби во некого ќе се разбуди желба за да ја прочита.

Главни ликови се три жени од едно семејство (мајката и нејзините две ќерки). Приказната започнува со Тања Појарска која се наоѓа во концентрационен логор заедно со својата мала ќерка Жанет и благодарение на нацистот Волфганг Фон Бренер успева да ја преживее Втората светска војна.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter