Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(701 оцени)

Девојките на Марко

Девојките на Марко е приказна која ја започнува едно мало детенце по име Славе. Тој има двајца браќа - Марко и Диме. Марко е најстариот брат и служи во војска. Славе кажува дека Марко ќе дојде на отсуство од војската. Во меѓувреме разговара со брат му, Диме, кој му кажува дека отсуството од војска е најважно, бидејќи треба да се знаат начини да се насмеат девојките... Славе е ужасно збунет и воопшто не знае што да направи...

Но, има идеја!

За да не го измачуваат девојките на Марко, тој прави план. План поврзан со Славе. План во којшто Марко ќе го научи сè што знае. Пукање, лазење и слично. Славе е свесен дека тој план ќе биде само за него и Марко, но сепак сака да го поштеди од маките.

Оцена
(22 оцени)

На Балканот и дождот мириса поинаку

„Да ја запознаеш својата фамилија значи да осознаеш повеќе за себе.“

Романот е базиран врз автентични настани и личности.

Приказната започнува со денот кога е убиен Франц Фердинант на 28 јуни 1914 година, при неговата посета на Сараево, и полека нè запознава со едно еврејско семејство, семејството Салом. Мајката Естера, столб на семејството и таткото Леон. Најстарата Лаура, која ја викаат Бука, ги учи сите во семејството да читаат, пишуваат и зборуваат српски, најмалиот Елијас, поголемиот Исак, кого го викаат Атлет. Клара и Нина кои во голем дел допринесуваат во издржувањето на големото семејство со тоа што изработуваат шапки.

Оцена
(16 оцени)

Откако ја прочитав „Молитвата на мојата мајка“ од Нафиса Хаџи, книга која многу ми се допадна и ми остави многу добар впечаток, мојата радост беше голема кога ја здогледав  нејзината втора книга - „Слаткиот вкус на солзите“. Како и во првата нејзина книга така и во оваа авторката нè потсетува на моралните норми во семејството и традицијата. Накратко ќе се обидам да ви ја раскажам книгата во која се испреплетени животите на три генерации од едно семејство.

Крис и  Џо се близанци кои нивната мајка ги зачнала во својата бунтовна младост, бегајќи од станот на нејзиниот дедо, после нивната расправија. Револтирана оди кај својот татко кој сега има ново семејство, таму ја запознава Дина, мајката на Садик, која е муслиманка и по потекло е од Пакистан.

Оцена
(13 оцени)

Сестри

Приказна за двете сестри Линдзи и Кери Ен. Пред триесет години, социјалната служба ги раздвои двете сестри. Нивната мајка, зависник од дрога, не беше во состојба да се грижи за нив. Единственото семејство им беше сосетката, поранешна стриптизета, госпоѓата Хани Лав, која нажалост, не успеа да ги задржи сестрите заедно.

Триесет години подоцна, Кери Ен е лика и прилика на родената мајка. Целото детство ѝ помина од едно семејство во друго. Дрогата беше само бегство од проблемите. Дури ни нејзината малечка ќерка, Бела, не беше доволна причина за таа да се одвикне од дрогата. Сè додека еден ден не дојде социјалната служба и ѝ ја зема. Дури откако остана без неа, Кери Ен сфати што ѝ значи ќерката.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter