Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(15 оцени)

Осамениот орел

По долго размислување која книга да ја прочитам следна, но да биде со полесен стил за читање повторно се одлучив за Даниела Стил - „Осамениот орел“, книга за тешката војна и огромните пресврти во авијацијата, приказна која опфаќа три децении. Ова е дело за моментите кога сакаме да се опуштиме, затоа што ова е книга за љубовта, страста и простувањето, но воедно и приказна за двајца сосема различни луѓе, на кои наспроти сè неизмерно им се преплетуваат судбините. Накратко ќе ве запознаам со содржината на ова интересно дело.

Кејт добива повик во кој дознава дека нејзината најголема љубов доживува авионска несреќа, несреќа во која Џо не останува жив. Таа не може да поверува затоа што сè дотогаш тој секогаш успевал да се извлече некако од несреќата и да се врати кај неа.

Оцена
(48 оцени)

Ветување

Уште едно извонредно дело од првата колекција на книги одДаниела Стил. Овојпат ќе напишам статија за прекрасната новела„Ветување“. Новела која нема да ве остави рамнодушни и нема да ви дозволи да ја оставите ниту за момент. Љубовта помеѓу Мишел и Ненси е голема и полна со иднина, но не е сè така сјајно. Мајката на богатиот Мишел е злобниот лик во оваа новела. Новелата е напишана во осумдесетитте.

Младиот архитектМишел Хиларди уметничката Ненси Мејкалистер се лудо вљубени и сакаат да се земат. Младиот Мишел сака да се венча со Нанси, откако ќе ги заврши студиите за една недела.  Пред да се венчаат тие си ветуваат еден на друг дека ќе бидат заедно засекогаш и дека ќе си бидат верни еден на друг. Мишел ја вади сината огрлица која ѝ ја купи и ја ставаат под една карпа како ветување.

Оцена
(23 оцени)

Судбоносна одлука

Морам да напоменем дека после „Сестри“ ова е мојата втора книга од авторката Даниела Стил - книга која ја прочитав за еден ден и која ми остави многу добар впечаток. Кога книгата дојде во моите раце не очекував толку добра приказна, но книгата ме остави без сон сè додека не ја прочитав до крај.

Тoa е приказна која ве привлекува и во која страниците сами се вртат сè додека не дојдете до самиот крај, а кога ќе стигнете до таму ќе посакате да има уште и едноставно жалите што завршува приказната, што се затвора и последната прочитана страница.

Накратко ќе се обидам да ве заинтересирам за книгата - сè со цел и вас да ве оставам без сон.

Оцена
(7 оцени)

Маж, жена и дете

Кога би сакале да ја свртете својата љубопитност кон семејните драми подложени на искушенија, оставени пред непокорливите тестови на судбината, тогаш оваа книга е вистинскиот презентер за тоа.

Испреплетена драма од нишките на едно семејството кое се обидува да ја врати свежината на искреноста, перипетија која била создадена во минатото, а сепак пристигнува во иднината, некаде помеѓу животот на Роберт и Шила и нивните две ќерки. Монотонијата и загубената независност на Роберт ќе го стават во ковчегот на неверството, од кој по 10 години ќе излезе момчето Жан Клод, плод на младата докторка и младиот сонувач, кој ќе го престигне на неговиот пат на замислената совршеност и ќе ги разниша столбовите на една фамилија која долго време цврсто стоела на темелите на љубовта.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter