Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(39 оцени)

Премногу се радувам што имам чест и јас да напишам статија за една книга од можеби омилениот автор на странава - Николас Спаркс. „Кривина на патот“ е една исклучителна, уникатна, емотивна книга, чие дејство како и повеќето книги на Спаркс се случува во Северна Каролина во малиот град Њу Берн.

Ова е сè на сè љубовна приказна обвиена во трагедија, но во исто време и приказна на простувањето, нешто во што ќе се уверите по завршувањето на книгата. Интересен е начинот на прикажување на дејството – случувањата на двата главни лика, Рајан Мајлс и Сара Ендрус, се прикажани во трето лице, а меѓу овие настани е испреплетена приказната на трето лице, чиј идентитет го дознаваме подоцна во книгата и е поврзан со убиството на Мајлсовата жена Миси Рајан.

Оцена
(19 оцени)

Почитувај се себеси

Карол Барбер е актерка која е позната ширум целиот свет. Таа исто така е мајка на две деца, бивша сопруга на еден маж, вдовица и борец за правата на жените. Карол веќе подолго време се обидува да напише роман и по смртта на својот втор сопруг Шон, таа се враќа во Париз за да се пронајде себеси и да се уверери дека пред многу време донела вистински одлуки. Доколку не го направи тоа, таа нема никогаш да биде спремна да го заврши започнатиот роман.

По пристигнувањето во Париз, Карол ѝ праќа порака на својата асистентка Стиви, која воедно е и нејзина најдобра пријателка, дека нема да биде достапна некое време и да не се грижи за неа, па излегува сама на прошетка и не понесува со себе ништо, освен доволно пари за да плати такси кога ќе реши да се врати во хотелот.

Оцена
(28 оцени)

Чесни илузии

Претпоставувам дека секој од вас слушнал за Нора Робертс или прочитал барем еден нејзин роман. Доколку немате слушнато, се работи за авторка која има напишано повеќе од 210 романи, од кои повеќе од 160 се преведени на повеќе од 25 различни јазици. Според нејзината веб страна, 173 од нејзините романи се бестселери на Њујорк Тајмс. Од првиот бестселер во 1991, нејзините книги имаат поминато вкупно 879 недели на листата на бестселери. Па, ваква авторка е невозможно да ве разочара, нели? Мене дефинитивно ме нема разочарано ниту еден нејзин роман кој сум го прочитала. Дефинитивно истото можам да го кажам и за  „Чесни илузии“ која ми е посебно убава книга. Како и во повеќето од нејзините романи тука преовладуваат романсата, корупцијата, уцените и се разбира постои и убиство за дополнително да ја оддржи приказната на неизвесно и напнато ниво.

Оцена
(29 оцени)

Накит

Во „Накит“ писателката ги води читателите низ пет децении исполнети со неверојатни настани, ниски страсти, интимни случувања и интриги...

Настаните се вртат околу Сара Томпсон, нејзиниот брак, војната и делумно животот на нејзините деца. По неуспешниот брак и загубата на бебето, за да го надмине очајот и депресијата во кои запаѓа, таа оди на патување низ Европа со своите родители. Но, не е ни свесна дека токму на тоа патување ќе ја запознае љубовта на својот живот. Тоа е Вилијам, војводата од Витфилд. Иако Сара е тврд орев, Вилијам прави сè за да ја освои и да ѝ покаже дека нема намера да го повреди нејзиното веќе скршено срце по претходниот брак.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter