Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(15 оцени)

Скршена жена

Што се случува кога работите еден ден ќе излезат од колосек? Што - кога ноќната мора ќе стане реалност? Што ако се случи она на кое никогаш не сме се надевале, никогаш не сме помислувале дека е можно да се случи. Не нам! Можеби на другите.

Симон де Бовоар и овојпат е извонредна, како воопшто и секогаш. Јас го сакам нејзиниот начин на пишување и размислување, нејзиниот став кој секогаш е насочен во одбрана на жената. Мене тоа ми годи. Симон де Бовоар и кога пишува за болката, таа пишува за да ја сподели, намали и ублажи. Така и овој роман чинам е напишан во таа насока - да се сподели болката на една изневерена жена, да се раскаже и да се залекува.

Оцена
(21 оцени)

Малата принцеза

Се наоѓаш во Индија, се играш со мајмуните, и татко ти ти вели дека треба да одиш во ладната Англија. Таму треба да одиш на школо во Лондон. Патот од Индија до Лондон поминува во најдобар ред и ти за некое време седиш во кочија со татко ти и се возиш до твојот следен дом. Застануваш до некоја голема куќа, а на влезот пишува:ГОСПОЃИЦА МИНЧИН Ексклузивно училиште за млади дами. Влегувате и пред вас се појавува некоја госпоѓица, која по некој случај е самата газдарица, и ви пожелува добредојде. Газдарицата поради својата општествена положба е многу угледна и грда со сета таа шминка и раскошни фустани. Таа и татко ти се договараат за твојата соба додека ти разгледуваш наоколу. Потоа татко ти те вика и заедно одите на шопинг. Таму купувате раскошни мали фустанчиња во кои ќе изгледаш како принцеза.

Оцена
(34 оцени)

Порта на солзите

Оваа книга ја добив како подарок и многу ми се допадна краткиот опис на приказната на задната страна на корицата, па поради тоа решив веднаш да ја прочитам и не погрешив.

Дејството во книгата започнува во четириесеттите години на минатиот век. Кога од манастирот во Индија во 1947 год. Игуменијата Шеси Џиваргизе Ама ги испраќа со брод калуѓерката Мери Џозеф и сестрата Анџели од Индија за Африка. На бродот се појавува треска и сестра Анџели го губи својот живот, а сестра Мери тука го запознава Томас Стоун и тие заедно се обидуваат да ја спречат болеста и да ги излекуваат болните од треската, на тој начин се разболува и Томас, а сестра Мери го лечи и успева да го излекува.

Оцена
(83 оцени)

Исповедта на една акушерка

Бидејќи премногу ми се допадна претходната книга која ја прочитав од оваа авторка, се израдував на преводот на уште едно нејзино дело кај нас, па поради тоа оваа книга ја вметнав „преку ред“ во списокот на книги за читање. Како и „Загубената ќерка“ и оваа книга исто така е преубава и премногу интересна. Накратко ќе се обидам да ве заинтересирам и да ви кажам за што се работи во неа, а сепак нема да ви откријам премногу за да не ви го расипам уживањето додека ја читате.

Додека ја читате книгата ќе се запрашате дали некогаш би сакале да откриете тајна која никогаш не требала да биде откриена, дали би сакале да прочитате писмо кое никогаш не требало да биде прочитано и дали би знаеле да се соочите со последиците од тоа?

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter