Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(20 оцени)

Девојки, ова е книга која не смеете да не ја прочитате!

Брет Болинџер, 34 годишна немажена девојка, е скршена од болка по смртта на својата мајка. Но на читањето на последните желби на мајка си, тестаментот, дознава дека целото наследство и семејната козметичка фирма е поделена меѓу нејзините двајца постари браќа. Таа од мајка си добива еден стар пожолтен лист, лист на кој открива дека се напишани желби кои таа си ги замислила пред 20 години кога била 14 годишна тинејџерка. И само под услов да ги исполни сите желби од листата, нејзините плус дел допишани од нејзината мајка, само тогаш ќе го добие својот дел од наследството. Но не е сè така розово и лесно бидејќи дел од тие желби се:

Оцена
(39 оцени)

ОЧАЈНА МЛАДА МАЈКА...
Лошата среќа на Рејчел Стоун зема уште поголем замав. Со празен паричник, расипан автомобил и гладно петгодишно синче кое зависи само од неа, таа се враќа во градот каде што сите ја мразат. Но оваа решителна млада вдовица со скандалозно минато има поминато доволно во животот за да научи како да биде борец. Таа ќе направи сè за нејзиното дете да биде безбедно.

И ЧОВЕК БЕЗ СРЦЕ...
Гејб Бонер сака само да биде оставен на мир, особено од страна на прекрасната протерана жена која без дозвола го сместува своето привремено живеалиште - расипан автомобил - на неговиот имот.

Оцена
(3 оцени)

Кога ја земав книгава во раце не знаев каква што да очекувам, но бев многу пријатно изненадена. Стилот на раскажување е лесен, забавен и хумористичен, единствено не ми се допадна тоа што е премногу долга и раскажана во детали, па на моменти може да го изгубите вниманието.

Кејт е во исчекување на својот стоти роденден, но поради мозочен удар таа исчекувањето мора да го продолжи во болницата. 

Парализирано и е целото тело, но умот и е побрз и поостар од секогаш.

Може да ги отвори само своите очи, но решава на нејзините деца да не им даде никаков знак дека може да ги слушне.

Оцена
(5 оцени)

Уметник за бегство

Уште една прекрасна, топла, емоционална приказна напишана од мајсторката на раскажувањето, Дајен Чемберлен. Верувам дека оваа книга длабоко ќе одекне во срцата на сите родители.

Сузана Милер е мајка на прекрасно единаесетмесечно синче кое го сака повеќе од сè на светот. Што е сосема разбирливо, па која мајка не би го сакала своето дете?

Поранешниот маж на Сузана, Џим, е адвокат и е оженет со Пеги, која е исто така адвокатка. Но Пеги, на нејзина огромна жалост, не може да го осети најголемиот благослов од сите – да биде мајка. Затоа таа решава заедно со Џим да се борат за целосно старателство над Тајлер.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter