Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(5 оцени)

Морските сестри

Во текот на целата книга можете да го почувствувате мирисот на морето, можете да го слушнете удирањето на брановите од брегот и да го осетите нежното морско ветре во вашата коса.

Меланхолијата што се чувствува низ целата книга ќе ве допре длабоко, ќе допринесе да се заинтересирате за двете сестри, да сочувствувате со нив, да сакате да ги разберете нивните постапки и да ги запознаете подобро.

Миа и Кејти беа неразделни додека растеа. Вистински сестри.

Најмногу уживаа своето време да го поминуваат на брегот, да ги истражуваат непознатите водни светови и да се смеат на нивните детски глупости.

Оцена
(4 оцени)

Карл Брендон има последна желба пред да умре и ја задолжува својата ќерка, Лора, да се погрижи таа да му биде исполнета. Тоа е навидум само една обична молба, да оди и да посети една жена со Алцхајмер во старечки дом. Како може да не се испочитува последната желба на човек на умирање?

Лора се чувствува обврзана да го направи тоа, но нејзиниот постар сопруг Реј покажува сосема спротивни емоции. Реј ја побарал Лора за сопруга откако таа забременила од друг маж, по една кратка авантура.

Сега тој воопшто не сака Лора да оди таму и смислува секакви изговори за таа да не го направи тоа. Но зошто нејзиниот сопруг би имал нешто против тоа?

Оцена
(5 оцени)

Сигурна сум дека ја гледате корицата од книгава и насловот и си мислите, ех, уште една лесна, комична, можеби и малку досадна романса. Ама знаете како велат, не ја судете книгата според корицата, а ова е токму таков пример.

Не можете ни да замислите што ве очекува на страниците на оваа книга, но едно нешто можам да ви кажам – не е досадно. Сосема спротивното. Ќе откриете една толку топла приказна што верувам дека ќе допре до секој еден од вас. Ако тоа не е случајот, можеби имате камено срце.

На почетокот се запознаваме со Лили, разведена мајка на две деца, Тара и Ноа, која ја работи работата што ја сака, пишува колумна за Хералд Трибјун.

Оцена
(2 оцени)

Во сезоната на монсуните, во изолирано индиско село, Кавита раѓа бебе - девојче.

Но во култура која ги фаворизира машките деца, единствениот начин на кој Кавита може да ја спаси својата новородена ќерка е да ја даде на посвојување. Тоа е одлука која до крајот на животот ќе ги прогонува неа и нејзиниот сопруг... Тоа е одлука која ќе ги прогонува дури и по пристигнувањето на нивниот скапоцен син.

Речиси на другата страна од светот, Сомер, американска докторка, дознава дека никогаш нема да може да има свое дете. Откритието за неа е страшно болно и неподносливо, но откако се помирува со реалноста, таа одлучува да посвои бебе.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter