Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(36 оцени)

Срцепарателна приказна во стилот на Првиот последен бакнеж и П.С. Те сакам која ќе ви го крши срцето реченица по реченица.

Дејзи има дваесет и седум години и веќе еднаш има победено рак на дојка. Како е можно повторно да ѝ се случува ова? Таа се подготвува да ја прослави третата годишнина од победувањето на ракот на дојка со својот сакан сопруг Џек. Но на само некој ден од важниот датум доживува страшен шок: нејзиниот доктор ѝ кажува дека ракот е вратен, но овој пат со дијагноза во агресивна четврта фаза.

Докторот прогнозира од четири до шест месеци живот. 

Оцена
(125 оцени)

Без здив – Лурлин МекДениел

Во потрага по автор сличен на мојот драг Николас Спаркс наидов на оваа авторка, Лурлин МекДениел. Станува збор за страшно афирмирана авторка во полето на трагичните драми која има напишано повеќе од 100 книги. Копав и трагав по автор кој има сличен стил на Спаркс и сите траги ме водеа до неа, каде и да отворев го наоѓав само нејзиното име. Си реков, Ивана, ако оваа жена навистина пишува книги како оние на Спаркс тогаш ти имаш 101 нов наслов за читање. Прекрасно! Остана само уште да проверам дали коментарите на другите читатели се вистинити или не. 

И погодете што? На мое огромно задоволство, коментарите и сугестиите се прилично точни. Лурлин МекДениел е мојата женска верзија на Спаркс, со мали разлики во стилот и изборот на приказни, ова е жена која не знае да напише книга која нема да ве расплаче.

Оцена
(201 оцени)

Видов дека има напишано статија за филмот и си велам зошто па да нема нешто напишано и за книгата. Па се фатив за работа, бидејќи секогаш се покажало, барем според мене, дека книгата во секој случај е подобра од филмот. А ништо од Николас Спаркс не би смеело да се пропушти и да не се прочита.

Џон Тајри живее со татко му, бидејќи мајка му ги напуштила уште додека тој бил многу мал. Гледајќи ги вака, сè додека не ја добиете конечната слика за татко му, сфаќате дека тие двајца се тотално спротивни. Додека Џон е во постојано движење, секогаш нешто работи, татко му е доста повлечен и живее во една рутина. Тој има време само за неговата колекција на монети. Љубовта кон монетите му ја пренел неговиот татко.

Оцена
(17 оцени)

Седам и размислувам како да ја започнамоваа рецензија, се трудам да ги пронајдам правите зборови, иако после тој бродолом на емоции кои ги доживеав со читање на оваа приказна се надевам дека ќе успеам да ја приближам оваа книга до вас, како што приказнава испишана на овие страници успеа целосно и искрено да го пронајде патот до моето срце и го освои со тие прекрасни зборови.

Еднаш, многу одамна, на прекрасните и романтични улици во Виена, Итан ја запознава Ана - љубовта на неговиот живот. Тие се венчаваат и се надеваат и веруваат во својата љубов, веруваат дека ќе остарат заедно. Тие се млади, вербата во животот им е толку голема, полни се со идеали, желби, животот е прекрасен, иако понекогаш немаат баш многу пари, но се имаат еден со друг и нивната љубов, а тоа им е најважно.

Page 1 of 10

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter