Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Капијата на солзите - Ејбрахам Вергезе

Автор 
Оцена
(73 оцени)

Капијата на солзите

И преку своето перо, маестралниот Ејбрахам Вегезе ви го донесува најдобриот светски бестселер во изминатите три години.

Ова дело би го поистоветувал со вистинска уметност, којашто ќе направи несоницата да ви се трансформира во огромно задоволство.

„Капијата на солзите’’ е вистинско ремек дело исполнето со многу мудрости, магични моменти и неколку сопствени трагедии на ликовите, кои што во секој поглед ќе ги надминат вашите очекувања и критериуми за добра книга, но истовремено ќе ве натера да плачете додека не останете без солзи, но и на моменти ќе ве насмее како никогаш досега.

Оваа заносна и егзотична сага се протега дури на три континенти и се одвива цели пет децении, проткаена со забранети љубови и страсти и многу семејни добро скриени тајни.

Главните протагонисти се Марион и Шиба Стоун, двајца браќа - близнаци родени во една мисионерска болница во Етиопија. Тие се „плод’’ на една тајна врска меѓу индиска калуѓерка и англиски хирург. Нераскинливо поврзани меѓу себе, но и двајцата со многу различни карактери, живеат во земја којашто е на ивицата до нова револуција. Една измама ќе успее да ги раздели на неколку години. Неколку години подоцна судбината продолжува да си игра со нив на најлош можен начин, кога повторно ќе ги спои во една операциона сала. Сега едниот треба да го ризикува својот живот за да му помогне на другиот.

Дали братската љубов ќе биде доволна за да ја победи болеста? Или овде се крие поголема љубов од онаа меѓу двајца браќа? Што ќе се случи кога една девојка ќе се заљуби и во двајцата, а потоа го убедува едниот брат да не му помогне на другиот и да дозволи да умре? Какви се нејзините вистински намери и што навистина е нејзината цел? - дознајте откако ќе го прочитате овој грандиозен роман, чиј стил е мошне елегантен, а приказната толку топла што на моменти и вас ќе ве внесе во приказната. Во кој лик ќе се пронајдете - тоа зависи од вас...

Уживајте во ова дело, чијашто приказна ќе ја памтите додека сте живи...

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Аце одлична статија, браво!!!
    Ме интересира дали книгава има наш превод? поздрав

    0 Like
  • Марија ти благорам за коментарот и за убавите зборови. За жал книгава нема наш превод, но ја имаш на српски од Лагуна, а набрзо мислам дека треба да излезе во печат и во Матица Српска. Не знам дали ја има по книжарите, но мислам дека можеш да ја најдеш во библиотека. Позз:)))

    0 Like
  • Интересно!Ја ставив на листата за читање.Одлична статија Александар!

    0 Like
  • Благодарам Силви и се надевам дека ќе ја прочиташ книгата, зошто сварно е феноменална. Поздрав и уживај во празниците:)))

    0 Like
  • И оваа книга ја има на македонски и најново издание е на матица. Дефинитивно летово ќе има што да се чита со нивната понуда ,,Со книга на плажа,, од 20.06 до 20.08. Позззз:)))

    0 Like
  • Neodamna ja procitav i knigata e epten dobra.Vo nea ke najdete inspiracija za sekakvo dobro vo zivotot.Vo nea ima mnogu ljubov,mnogu solzi a najmnogu mudrost.Ima pricina da se procita.

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter