Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Кога мене ќе ме нема - Колин Оукли

Автор 
Оцена
(36 оцени)

Срцепарателна приказна во стилот на Првиот последен бакнеж и П.С. Те сакам која ќе ви го крши срцето реченица по реченица.

Дејзи има дваесет и седум години и веќе еднаш има победено рак на дојка. Како е можно повторно да ѝ се случува ова? Таа се подготвува да ја прослави третата годишнина од победувањето на ракот на дојка со својот сакан сопруг Џек. Но на само некој ден од важниот датум доживува страшен шок: нејзиниот доктор ѝ кажува дека ракот е вратен, но овој пат со дијагноза во агресивна четврта фаза.

Докторот прогнозира од четири до шест месеци живот. 

И смртта е парализирачки страшна помисла - но не затоа што Дејзи се плаши за себе. Таа не може да замисли што ќе се случува со нејзиниот генијален, но шармантно беспомошен сопруг кога таа повеќе нема да биде тука да се грижи за него. Џек заборава да јаде, Џек не знае да готви, Џек е срамежлив, Џек не може сам.

И овој страв не ѝ дава сон ноќе, сè додека Дејзи не добие идеја за решение: таа мора да му најде нова жена.

Почнувајќи со својата мисија, Дејзи обиколува локални паркови и кафетерии и веб страни во потрага по совршената жена за Џек. Но колку повеќе напредува, толку повеќе почнува да се сомнева во разумноста на својот план. Кога помислата на маж ѝ со друга жена станува премногу реална, Дејзи е принудена да одлучи што ѝ е поважно во краткото време кое ѝ е останато: среќата на нејзиниот сопруг – или нејзината?

Каква несебичност, каква љубов, каква приказна, какви емоции!

Одамна не сум прочитала нешто поубаво, нешто што ме допрело и трогнало толку многу. Ова е прилично нова книга, излезена од печат во Америка пред само некој месец, а јас ја имав среќата, на препорака на пријателка, да ја прочитам меѓу првите и веднаш да ја зграпчам. Ова не е книга што ќе ве освои и фрапира со дејствија, приказната е горе-долу таа; Дејзи сфаќа дека нејзе наскоро ќе ја нема и сака да се погрижи Џек да биде добро, да не остане сам. По ѓаволите, човекот не си ги фрла ни носените чорапи за перење, ги собира покрај креветот, потполно способен да се стави во опасност да се задуши од нивната миризба еден ден! Па таа одлучува да му најде нова жена за кога неа ќе ја нема и почнува со својата потрага. Да, приказната е таа. Но човече, какви ЕМОЦИИ! Читам и ја следам Дејзи како полека почнува да се оддалечува од Џек за да ги заштити двајцата, како наоѓа потенцијални жени, како меѓу Дејзи и Џек се крева ѕид и моето срце се крши реченица по реченица. Збор по збор. Колин Оукли, секоја чест, мајсторе, како ли успеа да го доловиш сево ова?!

На моменти се чувствував буквално како јас да сум Дејзи, моите гради се стегаа од болка, моите очи гореа од љубомора, моето срце се кинеше од тага. За Дејзи, за Џек, за нејзината најдобра пријателка, за нејзината мајка... И ја читав целата книга, од втората третина па до самиот крај, со ОГРОМНА кнедла во грлото... за на крајот да се изнарикам како мало дете. Ова не е книга, ова е динамит од емоции!

Дечки, книгава ќе биде пуштена во продажба за време на саемот на книга и тоа веднаш со 20% попуст, така што, ви препорачувам да не ја испуштате. Немојте...

 

Дополнителни информации

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Година на издавање: 2015 година
  • Број на страници: 360 страници
  • Цена на книгата: 400 денари
  • Ја има во: Топер, Три, Матица, Култура, Алби, Тримакс

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter