Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Опасен онлајн разговор - Сара Дарер Литман

Автор 
Оцена
(29 оцени)

Живееме во информатичко општество каде интернетот е неопходен дел од животот на луѓето. Но како што се користи за добри цели, тој така и се злоупотребува од страна на одредени индивидуи. Оваа книга е реалистичен и моќен поглед во животот на тинејџерите и онлајн искушението за запознавање нови луѓе.

Еден ваков аларм кој го нуди оваа книга е потребен и дури неопходен во ова време во кое живееме кога сајтовите за социјално вмрежување се преполни со секаков вид на луѓе од најрана до најстара возраст, каде профили имаат деца кои сè уште не тргнале на училиште, а тинејџерите, заборавајќи го нормалното општење со своите пријатели, ги окупираат своите лаптопи и телефони и „висат“ на интернет од утро до вечер.

Аби и Лук разговараат онлајн. Тие никогаш не се сретнале лично. Но ќе се сретнат. Наскоро.

Аби тргнува во средно училиште, треба да е возбудена, но не е. Напротив, таа е исплашена затоа што никогаш не била меѓу популарните деца. Таа е убава и паметна, но воопшто не верува во себе. Сите ѝ велат да се потруди околу својот изглед, но таа се прашува зошто не ја оставаат да биде своја, зошто ја тераат да се преправа дека е нешто што не е? Аби се чувствува како претходно среќниот живот да ѝ се лизга низ прсти. Единствената работа во која ужива се разговорите со Лук, момче кое го запознава на интернет, единствениот кој ја разбира. Онлајн разговорите со Лук делуваат некако опасно, но сепак добро - тој е нејзината тајна, а таа неговата. Тогаш Лук ја замолува да се сретнат и таа прифаќа. Но Лук не е оној кој Аби мисли дека е.

Кога Аби одеднаш исчезнува, сите останати имаат задача да ги спојат делчињата од спојувалката. А ако не успеат во тоа, постои голема шанса никогаш повеќе да не ја видат својата пријателка, сестра и ќерка.

Книгата ја прочитав брзо, едноставно те држи буден, особено деловите каде таа разговара со Лук. Интересно е да се види како еден манипулатор го „пере“ мозокот на едно девојче. Оваа морничава тема нè засега сите, иако луѓето често велат дека „тоа не може да ни се случи нам“.

Не е некоја книга која би ве фрапирала со начинот на кој е пишувана или со некакви невообичаени полициски истраги, но овде е пред сè важна темата и пораката која треба да се пренесе со неа, а тоа е доволно силно. Авторката успешно се внела во својата улога. На моменти можеби ќе си речете „Книгава претерува. Не е вака во реалниот живот“, но зошто да не бидеме внимателни? И жртвите сигурно го мислеле истото, за да на крајот завршат трагично, уништувајќи си го својот живот и животите на луѓето кои ги сакаат.

Ја препорачувам оваа книга на секоја мајка, сестра, тинејџерка. Секој може да стане жртва на онлајн предатор, особено на оваа најранлива возраст кога личноста се оформува и го избира својот животен правец. Јас веќе имам на ум неколку луѓе на кои ќе им ја препорачам оваа книга.

Книгата ќе биде пуштена во продажба за време на саемот на книга (2015) и ќе може да се купи на штандот на САКАМ КНИГИ по саемска цена.

Дополнителни информации

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Година на издавање: 2015 година
  • Број на страници: 316 страници
  • Цена на книгата: 380 денари
  • Ја има во: Топер, Три, Матица, Култура, Алби, Тримакс

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.

Луѓе во овој разговор

  • Книгава изгледа интересно. Се надевам дека ја има во Макдеонија. Ако ја има може ли некој да ми каже каде можам да ја најдам, а ако ја нема каде можам да ја најдам на англиски?

    0 Like
  • Само што ја дочитав книгава и во глобала беше добра, навистина добар избор што Сакам книги одлучиле да ја преведат на македонски. Некако можеби прелесна за читање, но сепак поучна и несомнено на моменти ме врати во средношколските денови. Ја препорачувам! :)
    п.с. Инаку Ивана што стана со мојата статија Едрење од Џејмс Патерсон што ја напишав пред 3 месеци и повеќе, а се уште не е објавена? :)

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter