Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Еленор и Парк - Рејнбоу Ровел

Автор 
Оцена
(17 оцени)

Првата љубов не се заборава никогаш! Особено не кога ќе дојде вака...

Две необични личности кои никако не можат да се вклопат никаде... И една исклучителна љубов...

Еленор... Црвена коса, чудна облека. Таа е новата девојка во градот, со хаотичен семеен живот, со диви, смешни локни – таа не би можела да стрчи повеќе дури ни кога намерно би се обидувала.

Еленор... Таа прави сите други да изгледаат премногу обично и бледо и секојдневно и... никогаш доволно добри.

Парк е момчето кое седи во задниот дел на автобусот. Црни маици, големи слушалки за музика, главата забиена во книга – тој мисли дека успева да биде невидлив. Но не и за Еленор... никогаш за Еленор. Тој знае која песна таа ќе ја засака уште пред да ѝ ја пушти. Тој се смее на нејзините шеги уште пред таа да стаса до смешниот дел.

Има едно место во неговите гради, баш под грлото, кое го тера да сака да си ги исполнува ветувањата што ѝ ги дава.

Дејствието се одвива во текот на една средношколска година, а Еленор и Парк полека се вљубуваат еден во друг како што човек се заљубува за првпат, како што човек се заљубува кога е млад и кога чувствува дека нема што да изгуби и истовремено може да изгуби сè. Тие се доволно паметни за да знаат дека првата љубов речиси никогаш не трае вечно, но и доволно храбри и очајни за да се обидат.

Еленор и Парк беше една од најпопуларните YA книги за изминатата година, па со оглед на тоа што јас немам ништо против читањето книги наменети за помлада читателска публика, оваа приказна баш убаво ме опушти. Еленор и Парк ми беа страшно симпатични и освежувачки необични ликови, а развојот на нивната приказна и љубов потполно шармантен. Имам прочитано неколку книги од Ровел, но оваа некако најмногу ми легна.

Веќе е најавен и филм по книгата, па не можам да дочекам да го снимат за да видам кого ќе одберат за улогите на Парк и Еленор. 

Книгата ќе биде пуштена во продажба за време на саемот на книга (2015) и ќе може да се купи на штандот на САКАМ КНИГИ по саемска цена.

Дополнителни информации

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Година на издавање: 2015 година
  • Број на страници: 360 страници
  • Цена на книгата: 380 денари
  • Ја има во: Топер, Три, Матица, Култура, Алби, Тримакс

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter