Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(18 оцени)

„Животот порано беше неописливо прекрасен. Полн со магија и можности. Полн со чуда и возбуда. Не постоеше ништо што не можев да направам. Не постоеше ништо што не можев да бидам. Не постоеше место каде што не можев да отидам. 

Кога бев дете, со часови седев и цртав и измислував одлепени приказни за да им ги раскажувам на моите пријатели. Откачени фантазии врежани на листови со разнобојни мрсни боички. Мислев дека моите приказни ќе го инспирираат светот, дека некако ќе успеат да го направат подобро место за живеење. И одредено време ми изгледаше како сите моите соништа да ќе се остварат. 

Оцена
(16 оцени)

Но да ти го кажам само уште ова: моето срце чукаше само за тебе. А сега му велам: запри, срце, запри, за да бидам што поскоро покрај тебе.“

Ова е една потресна приказна за љубовта на жената кон оној кој е избраник на нејзиното срце!

На денот на нејзиниот дваесет и втори роденден студентката од едно мало место, Надежда, решава да направи нешто што досега, во овој голем град Белград, никогаш не го направила, нешто на што ќе се сеќава постојано, денот кога и таа како и сите други девојки од градот ќе го прослави својот роденден со своите другарки.

Оцена
(12 оцени)

Платон рекол: „Затоа што хармонијата е симфонија, а симфонијата е хармонија, затоа музиката премногу се занимава со начелата на љубовта.“ Па можеби и е во право!

Иако не потекнува од музичко семејство, нејзините родители не се музичари, Реми е успешна и талентирана виолинистка. Нејзината иднина е одредена еден ден за само неколку кратки моменти... кога целото одделение на Реми е одведено во задушливата концертна сала секој ученик може да го испроба оној инструмент кој ќе успее да му го привлече вниманието и да се реши за еден од нив. Реми е воодушевена од флејтата, но изборот на нејзината наставничка, госпоѓа Силвестер е виолината.

Оцена
(9 оцени)

„Сè за љубовта во недела дена“. Буквално. Сè започнува во недела, а завршува во сабота. Точно седум денови опишани во една прекрасна книга. Секој ден со нови предизвици, секој ден со нови лудории... Секој ден ве носи сè подлабоко и подлабоко во еден неверојатно забавен свет на секојдневието какво што ние повеќето го познаваме.

Поли е десет години во брак со Артур и се чини дека живеат еден сосема нормален, обичен семеен живот. Таа работи во маркетинг одделот за шампонот ''Head&Shoulders'', а Артур е оној кој најчесто се грижи за нивните деца. Се разбира, секој ден не е ист како претходниот: нова тура - нова авантура. Но, и тоа здосадува... Магијата на нивната љубов од младите денови како да исчезнува.

Page 1 of 48

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter