Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Историја на љубовничките - Елизабет Абот

Автор 
Оцена
(31 оцени)

Историја на љубовничките - Елизабет Абот

Книгата ја купив пред 1-2 години не се сеќавам ни јас кога беше точно. Тоа што ме привлече кај неа беше името-Историја на љубовничките, искрено ја купив чисто од љубопитност. Ја прочитав одма но да бидам искрена не ме воодушеви баш многу можеби затоа што јас сум љубител на романи, а не на раскази или на научни истражувања кои се добро вклопени во една книга, но сепак и самата книга и насловот тоа го кажуваат.

Беше заборавена на моите полици можеби затоа што не е мој тип на книга, па деновиве барајќи друга ја пронајдов и решив да напишам статија. Водич низ книгата се љубовничките кои низ зборовите на авторката нè водат низ времето и ги раскажуваат своите приказни во стилот на Илјада и една ноќ.

 

Авторката нè наведува да се запрашаме дали може да се дефинира поимот љубовничка? Издржувана жена? Жена од харемот? Втора жена ? Или можеби ќе го прифатиме предлогот на самата авторка “жена која доброволно или принудно се наоѓа во релативно долга сексуална врска за човек за кого не е мажена”. Но поважно од самата дефиниција е да се осознае горчливата а понекогаш и слатката заднина на љубовничките со помош на оваа научна студија, напишана на разбирлив јазик и со извесна доза на љубопитност, љубопитност на која не ќе можете да ѝ одолеете.

Ќе се се запрашате зошто некои жени стануваат љубовнички и како успеваат нивниот приватен живот да биде тајна за останатиот свет? Во спојот на историјата, проучувањата на личностите и културата, историјата на љубовничките го отсликува портретот-животот на овие жени кои случајно, принудно или по сопствен избор ја прифатиле оваа улога. Авторката ги испитува мотивите и нивното однесување на некои најозогласени, но и на најфасцинантните личности на жени во историја. Почнувајќи од кинеските конкубини, европските кралски љубовнички па сè до девојките на познатите мафијаши и трофејните куклички. Па меѓу нив ќе ги најдите Рокселана (На Сулејман), Покахонтас, Мадам де Помпадур, Хана Арент; Ева Браун, Глорија Свансон, Марија Калас, Мерилин Монро, Камила Паркер-Боулс...

Ова е од прилика малку кажано за тоа што ќе успеете да го прочитате ако се решите за ова дело, сепак се работи за вкус но оваа книга во суштина и не е толку лоша за да се осознаат некои факти и да се влезе во нечии живот и за миг да се почувствува начинот на нивното живеење. Во секој случај ова е добро историско дело кое заслужува да стои на полиците на нашите домашни библиотеки.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Се сложувам со JAbsolem. Делува многу интересно, мора да се прочита! :)
    Многу добра статија Марија, поздрав.

    0 Like
  • а дали некој ја прочитал од истата авторка Историја на целибатот

    0 Like
  • Аgi Dim ме интересира дали од Историја на целибатот има наш превод и ако има кој е издавач?поздрав

    0 Like
  • не знам дали ја има на македонски.јас ја имам најдено на интернет ,на српски јазик

    0 Like
  • Аgi Dim кажи ми дали книгата ја најде во Електронска форма или како книга која може да се нарача, ако ја имаш во електронска форма би те замолила да ми ја пратиш на mail.Фала и поздрав.

    0 Like
  • Аgi Dim фала многу.

    0 Like
  • Марија баш ме заинтересира, ме интересира се што е поврзано со жените. А оваа тема е посебно интригантна, наместо да се осудува зошто да не се проба да се разбере?
    Ја ставив на списокот и фала за препораката ;)

    0 Like
  • Сабинче, денес ја видов книгава во Матица..и мислам дека цената беше 490 ден. Во секој случај цената беше неприфатлива за мојот буџет во моментов..хахах, па решив да почекам и видам дали за време на попустот во април ќе биде цената на книгава намалена. Поздрав:))

    0 Like
  • Сабина ако те интересираат книги од ваков тип мислам дека ова ќе ти се допадне па ако ти падне во раце прочитај ја. Ананда и јас се изненедив од цената на книгава оваа година, на саемот пред две години ја купив за 100-200 денари не се сеќавам колку беше точно но беше многу евтина не знам зошто е толку скапа сега, ама во право си причекај може пак да ја стават на попуст на саемот во април.поздрав

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter