Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Чувај ме - Даниела Саџердоти

Автор 
Оцена
(7 оцени)

Мајка и сопруга без дете и маж...

Ејли Лосон доаѓа до најкризниот момент во својот живот. Не е дека се работи за едно нешто, на Ејли едноставно ѝ се собира сѐ. Години и години неуспешни третмани за вештачко оплодување, сопруг со кој стапила во брак само за да има дете и кој сега ја изневерува и „лошо“ семејство кое постојано ја гази и притиска, триејќи ѝ ги од нос сите неуспеси во споредба со успесите на нејзината сестра која е совршено плодна жена со неколку деца.

Очајна за какво такво олеснување, Ејли бара засолниште на единственото место каде некогаш се чувствувала како дома - мало село во Шкотска. Таму Ејли полека почнува да го залечува своето скршено срце, но набрзо дознава дека не е единствена во селото со болно минато.

Побегната мајка и жена...

Џејми Мек Анена, пријател од детството на Ејли, се обидува да се грижи за својата ќерка Мејзи целосно сам. Откако мајка ѝ на Мејзи ги остава со цел да брка кариера во Лондон, а мајка му на Џејми умира, тој се препушта на нивната судбина и се помирува со тоа дека ќе останат двочлено семејство.

Но во приказните понекогаш има повеќе од она што се гледа со голо око. И покрај отпорот кој двајцата го пружаат, има некои чудни и необјасниви работи кои упорно ги спојуваат Ејли и Џејми. Затоа што... дури и кога се чини дека сѐ е изгубено, помошта може да дојде од најнеобичните и најизненадувачките места...

Лесно и едноставно напишана деби новела, Чувај ме е интересна и необична приказна за ослободувањето и продолжувањето - со малку помош од оној другиот свет. На моменти тажна, на моменти можеби ќе ве трогне и несомнено ќе им овозможи на голем број жени да се пронајдат во неа, мислам дека баш тоа е она што ја прави оваа приказна убава и тешка за заборавање.

Не би ја оценила со петка, бидејќи беше некако кратка и не успеа комплетно да ме освои, но доколку ви дојде до рака, препорачувам да ја прочитате.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.

Луѓе во овој разговор

  • Многу интересно. Дефинитивно ќе ја прочитам.

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter