Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Допирот на музиката - Дафне Калотеј

Автор 
Оцена
(12 оцени)

Платон рекол: „Затоа што хармонијата е симфонија, а симфонијата е хармонија, затоа музиката премногу се занимава со начелата на љубовта.“ Па можеби и е во право!

Иако не потекнува од музичко семејство, нејзините родители не се музичари, Реми е успешна и талентирана виолинистка. Нејзината иднина е одредена еден ден за само неколку кратки моменти... кога целото одделение на Реми е одведено во задушливата концертна сала секој ученик може да го испроба оној инструмент кој ќе успее да му го привлече вниманието и да се реши за еден од нив. Реми е воодушевена од флејтата, но изборот на нејзината наставничка, госпоѓа Силвестер е виолината.

А бидејќи не секогаш е важно што сака таа Реми, секој понеделник, заедно со другите ученици, учи како да свири на тој инструмент и со текот на времето таа се сплотува со виолината. Почнува да сфаќа дека тоа што го учи не е само музика, туку и убавина која ја води на места на кои не може ни да замисли дека може да отиде. Несомнено е дека таа сака да ја населува таа убавина и да го живее тој живот, живот многу поубав, пожив од тој на флејтистката што некогаш сакала да биде!

Сега на дваесет и две години, во последниот семестар на конзерваториумот Реми од местото на прва виолина ја дели само уште едно место. Кога претходната година била на еден чекор до тоа да стане прва виолина се појавува Лин, а за судбината да биде поиронична нивниот дотогашен диригент го заменува Николас Елко, гостувачки диригент во Будимпешта и во Лондонската Симфонија од Шведска, кој ги добил сите можни награди и титули. Неговата сопруга и ќеркичката не можат да бидат со него во Бостон, од семејни причини, и токму тие семејни причини и постојаното патување на Николас полека почнува да допринесува за нивнотот оддалечување!

Судбината понекогаш знае да си поигра со човекот!!! Реми конечно успева да покаже што знае кога Лин ненадејно не упева да пристигне на една од пробите на оркестарот па таа го завзема нејзиното место! Но со тоа нема само да го привлече вниманието на Николас кон нејзиниот талент и нејзината музика. Таа успева да направи тој да ја примети неа, најпрво како жена, а потоа како музичар!

Но дали среќата на Реми се состои во тоа таа да биде со Николас, а при тоа да растури едно среќно семејство или во нејзините часови и проби, а годишните времиња да ги препознава по рециталите кои ги подготвува? Дали таа сака животот да го помине со човекот кој го љуби или пак во постојана подготовка, но подготовка за што? И што станува со Хејзел? Дали таа има право на глас во ситуацијата во која ја ставаат Николас и Реми? Што станува со нејзините чувства... но љубовта нема граници ниту пак правила! Секој има право да биде среќен, но дали барајќи ја сопствената среќа нема да ги повредиме и тие што најмногу ги сакаме? Хејзел, Реми, Николас...

Интересна приказна, но во секој случај не ми остави многу голем впечаток, иако на почетокот ветуваше!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.

Луѓе во овој разговор

  • Искрено многу мразам кога ќе дадам негативен коментар за книга, но морав да се исповедам. Стигнав негде до половина и се осеќам толку празно, никакви, ама баш никакви емоции не пробуди книгава во мене освен некоја траорна, мрачна, безвезна атмосфера која е проткаена низ книгата и низ ликовите. Како некоја меланхолија, нешто неодредено. Ликовите не се добро опишани, книгата не ме однесе на некое место, не ми пробуди емоции само ми отвори празнини. Како ништо друго да нема книгата освен некои си описи на музички термини кои искрено би ги интересирале само музичари, не мене или некој обичен читател. Еве да треба да пишувам некаков есеј за книгава, навистина не знам што да напишам и како би ги опишала ликовите, толку се неодредени. Се надевам ќе има и поинакво мислење кое ќе ме увери во истото илои во спротивното можеби. Чекам на коментари. Поздрав

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter