Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Прошетка по облаците - Ева Мари Еверсон

Автор 
Оцена
(18 оцени)

„Животот порано беше неописливо прекрасен. Полн со магија и можности. Полн со чуда и возбуда. Не постоеше ништо што не можев да направам. Не постоеше ништо што не можев да бидам. Не постоеше место каде што не можев да отидам. 

Кога бев дете, со часови седев и цртав и измислував одлепени приказни за да им ги раскажувам на моите пријатели. Откачени фантазии врежани на листови со разнобојни мрсни боички. Мислев дека моите приказни ќе го инспирираат светот, дека некако ќе успеат да го направат подобро место за живеење. И одредено време ми изгледаше како сите моите соништа да ќе се остварат. 

Били Крофорд беше мојот свет. Мажот од моите соништа. Човекот што се заколнав дека ќе го сакам и почитувам и ценам сè додека „смртта не нè раздели“. Мислејќи и верувајќи, се разбира, дека никогаш нема да дојде до тоа. До смрт. Или ако дојде, тоа ќе биде многу, многу далеку во иднина. Премногу далеку за да се грижам за тоа денес. Или дури и утре.

Но... ах, колку брзо можат да се распарчат соништата. За една секунда. Со еден пиштол. Со еден куршум кој ја распарува тишината на една ноќ.

Во мојот живот се појави змеј за да го проголта мојот витез. Но тој убиец не го одзеде само животот на Били. Тој го зеде и мојот живот. Како долгокосата Рапанзел, ме заклучи во ладна, темна кула каде што останав да живеам сама, неспособна да се симнам долу кај што светот беше зелен и топол од сонцето. Боите почнаа да бледеат и да исчезнуваат сè додека не останаа само црната и белата. Местата кои - порано - слободно беа мои, сега ми беа забранети.

Порано сонував за раскажување приказни. Но никогаш, ни на сон, не помислив дека мојата ќе заврши вака.“

Што прави човек кога ќе ја изгуби вербата? Надежта? Волјата да продолжи понатаму? Што се прави кога сопствениот живот повеќе ти нема никаква смисла? Кога и самото дишење, самото земање здив - еден, единствен здив - ја бара целата енергија што ја имаш, додека не ја потрошиш и неа? Што тогаш?

Саманта Крофорд има сè на светот додека го има својот сакан сопруг Били. Но одеднаш, останува без него кога непознат убиец го убива и остава на улица како обично ѓубре. Саманта живее на раб на очај, затворена, изолирана и сама, огорчена од опсесијата да го пронајде убиецот на Били и да се одмазди. И тогаш судбината ја спојува со најдобриот пријател од детството, кој полека почнува да ѝ ја враќа волјата за живот.

Прекрасна, инспиративна приказна за љубовта, вербата, пријателството и простувањето. Ќе читате со солзи!

Книгата ќе биде пуштена во продажба за време на саемот на книга, по саемска цена, и ви ја препорачувам од срце. А откако ќе ја прочитате, погледнете го и филмот.

Дополнителни информации

  • Издавачка куќа: Сакам Книги
  • Година на издавање: 2015 година
  • Број на страници: 235
  • Цена на книгата: 380 денари
  • Ја има во: Топер, Три, Матица, Култура, Мамут, Тримакс

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter