Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(14 оцени)

ТОЈ УБИВА ДУХОВИ

Тесеус Касио Ловуд е седумнаесетгодишно момче, син на татко - познат ловец и убиец на духови и мајка - вештерка. 

Главното оружје за убивање на духови е ножот „Атхаме“, кој после смртта на татко му го добива Кас и сфаќа дека сега тој ги поседува истите моќи и одлучува да ја продолжи традицијата. Знаејќи дека неговиот татко е убиен од некој многу силен дух, Тес и мајка му одлучуваат да не се задржуваат на едно место подолго време. Затоа патуваат и се селат од една во друга држава или град.

Оцена
(7 оцени)

Што се случува кога приказните за пред спиење од детството ќе престанат да бидат само приказни и ќе станат реалност?

Страшната семејна трагедија спонтано го испраќа 16-годишниот Џејкоб на најважното патување во неговиот живот-патување до островот од приказните на дедо му. Малиот остров крие многу тајни за минатото на дедо му и неговите „посебни“ морничави другарчиња од фотографиите со кои Џејкоб пораснал. Тајни поврзани со чудната куќа во внатрешноста на островот, која всушност била прочуениот дом на госпоѓа Перегрин за таквите „посебни“ деца и уште почудните околности заради кои децата од фотографиите се живи и покрај бомбардирањето и се сè уште деца и покрај тоа што поминале многу години.

Оцена
(3 оцени)

Секој од нас си има своја омилена бајка, некому му е омилена Пепелашка, некому Заспаната Убавица, тука е и Снежана и седумте џуџиња, а меѓу сите тие волшебни бајки, тука е и прекрасната бајка Убавицата и Ѕверот. 

Во голем број книги, писателите вешто и умешно ги прекраскажуваат овие приказни на свој начин, а една од тие книги е Сурова Убавина од Росамунд Хоџ.

Судбината на Никс е преодредена уште од нејзиното раѓање - сè поради една будалеста спогодба на нејзиниот татко - и на нејзиниот седумнаесети роденден треба да се венча за  Игнифекс - Принц на демоните - кој живее во страшниот и морничав разрушен замок на ридот.

Оцена
(19 оцени)

Доста малку сме запознаени со сите митови, приказни, песни, обичаи поврзани со Старите Словени и со Старите Словенски Богови.

Mногу повеќе сме во допир со различни светски митологи, а поради недоволен број на книжевни дела, записи, исечоци, во тој погледна некој ненамерен начин многу малку сме запознаени сословенската митологија.

Старите словени преку усмено преданије ги предавале и оставале во наследство своите обичаи, приказни, митови, верувања, но исто така денес, иако несвесно, се среќаваме со доста обичаи и верувања кои потекнуват уште од тоа време.

Page 1 of 39

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter