Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(22 оцени)

Како продолжение на Игра на Тронови, првиот дел од епско – фантастичниот серијал Песна за лед и оган, доаѓа Судир на кралеви. Маестралниот Џорџ Мартин повторно ме остави занемена пред неговата брилијантна содржина. Приказната во Судир на кралеви продолжува онаму каде што застанува во Игра на Тронови.

Џофри Ланистер, Ренли Баратеон и Станис Баратеон, три крала – еден трон. Додека Роб Старк и неговата северничка војска војуваат против Ланистерс, Станис Баратеон се прогласува себеси за крал на Вестерос и планира инвазија за да го преземе престолот на својот покоен брат, склучувајќи сојуз со страшната Мелисандра, чудна свештеничка на еден уште почуден бог.

Оцена
(52 оцени)

Временска порта

Еве уште една статија за книга полна со мистерии и авантури. Во оваа книга се раскажува за двајца близнаци Џејсон и Џулија од градот и едно црвенокосо момче Рик. Близнаците се преселуваат во големата вила „Арго“.

Во таа вила се кријат многу мистерии и тајни. Тие ќе откријат врата скриена зад ормар која води кон четири врати.

Од тие врати две водат кон неврат, а една надолу.

Децата тргнуваат низ вратата која води надолу и наоѓаат тајна пештера, а во неа брод со име „Метис“.

Од таа пештера нема излез освен со бродот кој нема сидро ни мотор, а веслата ќе потонат при обидот на децата да испловат на другиот брег.

Оцена
(11 оцени)

Знам дека многу од вас не го сакате Вуди Ален. И ве разбирам. Кога бев помала не можев да го смислам. Кога и да имаше филм на Вуди на телевизија одма ме фаќаше нервоза. Сѐ до едно досадно попладне кога од недостаток на имагинација и одбивност кон учебниците по физика и географија изгледав еден цел негов филм. Не памтам за што точно беше филмот, ама знам дека имаше хор (како во грчките драми) и хорот му се обраќаше на Бог. А тој од рајските облаци пушти еден долг тон – бииип! И рече дека „моментално не е тука, можете да оставите порака“.

Оттогаш не пропуштам ништо негово и сфатив дека никогаш не сум му дала шанса. За да го засакате Вуди, само дајте му шанса. Толку е едноставно. Кога се најдов на саемот за книга и кога ги видов книгиве не ни прашав колку пари се, само ги купив.

Оцена
(32 оцени)

Ѕвер

ЈАС СУМ ЅВЕР. БЕСТИЈА!!!

Не сум ниту волк, ниту мечка, ниту горила, ниту куче, туку сум ново суштесво што оди исправено.

ЈАС СУМ ЧУДОВИШТЕ.

И тоа е вистина. Голема вистина во центарот на Њујорк.

Сѐ му се случува на едно од најпопуларните, најубавите, најбараните момчиња во училиштето Татл, со еден збор совршениот Кајл Кингсбери. Тој е момче кое ги забележува само убавите девојки, додека на оние „грдите“ не им обрнува никакво внимание. Тој на матурската забава оди со најзгодната девојка од училиштето, додека на една друга девојка ѝ имаше ветено дека ќе оди со неа.

Page 1 of 6

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter