Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Одвратни рими - Рол Дал

Автор 
Оцена
(9 оцени)

Спремни сте за нешто сосема откачено?

Сите знеме дека пораснавме со приказните за Снежана, Пепелашка, Црвенкапа. Од нив ги научивме тие лекции и вредности што едно дете треба да ги има. Да биде фино и послушно, да не му мисли никому лошо, дека добриот е секогаш награден, а лошиот е секогаш казнет...

Е арно ама животот не е така црно-бел, реалноста може да биде многу пострашна, оружани со нашите детски познавања стекнати под заштитничкиот розев вел, вистинскиот живот едноставно не изненадува и шокира. Прочитајте ги овие „Одвратни рими“ на генијалниот Рол Дал и спремете се за нешто што апсолутно ќе ве фрапира!

Тука нема да најдете фини и воспитани принцези, џенталмени принцови или исплашени животинки. Не, не, не, не...

Во овој фери-тејл свет Снежана не го чека принцот да ја избави од беда, туку станува најдобриот коцкар некогаш виден (добро, со помош на украденото Огледало од ѕидот), Пепелашка не може да го поднесе арогантниот и самобендисан принц и си наоѓа љубов кај селскиот џем-мајстор, а Волчко се плаши од крволочната Црвенкапа како од ѓавол, таа стално носи пиштол и на крај си заминува со нова крзнена бунда (фала Волчко), и како најпозната bad-ass ловец на волкови им помага на трите прасиња да се спасат од Волчко број два и на крај Црвенкапа си заминува овој пат со две крзнени бунди, и секако три кожни торби од свинска кожа...

Знам дека звучи одвратно, ама така е напишано, со рима и со новокомонирани зборови што дури звучи шармантно и многу смешно, пропратено со култните илустрации на Квинтин Блејк.

Како дете јас пораснав со овие прикаски и сите други на Рол Дал (најпознати книги му се е „Вили Вонка и Чоколадната Фабрика“, „Матилда“, „Вештерки“, и други), можеби и затоа мојот ум и не е баш на иста фреквенција како на другите...

Ако сакате да се насмеете, а притоа да ги видите вашите омилени ликови од детството во малку пореална околина, тогаш ова е правото за вас.

Се извинувам доколку звучев како тв-реклама...

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.

Луѓе во овој разговор

  • Прекрасно баш би сакала да ја пронајдам дали ја има некаде во Охрид, бидејќи ако не грешам од Охрид си :)). Инаку би сакала уште едно прашање да поставам дали овие бајките се пропратени со илустрации пред се како во стилот на пишување?! Поздрав и ти посакувам пријатна вечер :))

    0 Like
  • Книгава за жал ја има само на англиски. Не е многу познат Рол Дал во Македонија, што според мене е голема штета. Иначе, да, илустрациите апсолутно одговараат на прикаските. Ако се решиш да ги читаш книгиве од откачениот Рол Дал тогаш најдобро да ги побараш на англиски, сигурно ги има во Икона. По што сигурно се скапи пробај најди ги како e-book. Поздрав и до тебе.

    0 Like
  • Ти благодарам Ивана за информацијата, баш брат ми од поодамна ми има зборувано за неа ама не знаеше точно од кој писател е, макар не ни знаеше што наслов носи, а него повеќе го интересираат илустрациите како уметник :)), па можеби доколку поминам Скопје ќе наминам до Икона, макар знам таму цените се некако солени :)) или ако не ќе видам некако да ја порачам преку некој во странство мноштво на опции се има, макар што да не ја напишеше статијата немаше да знам чија е книгата пошто ни наслов не знаевме. Голем поздрав.

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter