Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Оцена
(7 оцени)

1Q84

Времето полека минува, но Тенго и Аомаме сѐ уште се разделени!

По успешно завршената задача Аомаме мора да се сокрие на некое време пред да добие сосема нов идентитет, нов живот, па дури и ново лице. Сето тоа се мерки на претпазливост, бидејќи верската заедница Сакигаке нема да престане да трага по неа, затоа што таа им го убила водачот. Во периодот од октомври до декември таа се крие на безбедно место и никаде не треба да излегува додека не добие понатамошни упатства како да постапува. Барем толку ѝ должи старицата од Куќата на Врбите. Но како тогаш ќе го пронајде Тенго, иако да бидам искрена тие и не се далеку еден од друг... Но како некоја сила да ги разделува сѐ додека не дојде вистинското време тие двајца да се пронајдат.

Оцена
(4 оцени)

Необичната приказната за Аомаме и Тенго продолжува. Додека во првата книга Мураками ни го опишува периодот од месецот aприл па сѐ до jуни, во втората книга се опфатени месеците jули, aвгуст и септември. Во тој период многу нешта се случуваат, нешта кои генерално гледано имаат можност повеќе да бидат прифатени како некаков лош или добар сон (за кого како), отколку да бидат сурова реалност со која Тенго и Аомаме самите мора да се соочат.

Како професор по математика во подготвително училиште, Тенго успева некако да го продолжува својот сон да напише роман, повремено објавувајќи колумни под одреден псевдоним. Бидејќи има прилично многу слободно време, тој успева сето тоа да го вметне во деновите кои поминуваат.

Оцена
(28 оцени)

Човекот со илјада лица

Oткако помина низ порталот и по неколку месеци отсуство, Сиело Магико се враќа. Поседува неверојатно знаење и нејзините сетила се заострија, но не се сеќава која е. Со помошта на децата од Фондацијата ББ, сега преименуван во дом за сираци „Магичниот Дом“ и со средбите со Тик-Так, си го враќа својот идентитет и учи да управува со своите моќи. Таа е ангел кој споделува љубов и нејзината мисија е да трансформира души.

Но една црна сила, која исто така пред неколку години го поминала порталот, ги демне од својата сенка. Тоа е Хуан Круз, паднат ангел, човекот со илјада лица.

Обземен од омразата и амбицијата, успева да „влезе“ во мозокот на Тијаго и Салвадор.

Оцена
(38 оцени)

Заточеник на небото

Кога станува збор за книга од Зафон не е потребно многу да коментираме, верувам дека има многу кои се вљубени во неговите книги, книги кои оставаат без здив, а кога ќе ја прочитаат и последната страница посакуваат да има уште и уште... Ете тоа ми се случува мене секој пат кога читам книга од Зафон. Не бев стрплива да ја дочекам промоцијата на книгата, па затоа ја купив ден пред тоа и верувајте уживав додека ја читав. Накратко ќе се обидам да ве заинтересирам да ја побарате книгата со тоа што ќе ви доловам дел од нејзината содржина.

Во книжарницата „Семпре и синовите“ продажбата на книги не оди баш најдобро иако е Божиќ, период кога не би требало да биде така. Идеата на Фермин го мотивира Семпре да отиде и да купи сѐ што е потребно за да се долови божиќниот дух.

Page 1 of 6

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter