Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

Заточеник на небото - Карлос Руиз Зафон

Автор 
Оцена
(39 оцени)

Заточеник на небото

Кога станува збор за книга од Зафон не е потребно многу да коментираме, верувам дека има многу кои се вљубени во неговите книги, книги кои оставаат без здив, а кога ќе ја прочитаат и последната страница посакуваат да има уште и уште... Ете тоа ми се случува мене секој пат кога читам книга од Зафон. Не бев стрплива да ја дочекам промоцијата на книгата, па затоа ја купив ден пред тоа и верувајте уживав додека ја читав. Накратко ќе се обидам да ве заинтересирам да ја побарате книгата со тоа што ќе ви доловам дел од нејзината содржина.

Во книжарницата „Семпре и синовите“ продажбата на книги не оди баш најдобро иако е Божиќ, период кога не би требало да биде така. Идеата на Фермин го мотивира Семпре да отиде и да купи сѐ што е потребно за да се долови божиќниот дух.

Тоа студено декемвриско утро во 1957 година во книжарницата влегува купувач со злокобен и таинствен изглед, ја купува скапата книга на Гроф Монте Кристо и замолува за достава на истата, а во неа остава необична порака за Фермин Ромеро Де Торес. Даниел е видно вознемирен од појавата на мистериозниот човек, а уште повеќе кога ќе прочита и открие дека тоа е поврзано со неговиот најдобар пријател. Тој почнува да го следи непознатиот и да истражува што ги поврзува овие двајца луѓе. Во таа негова истрага дознава за еден мрачен период од минатото на Фермин и за поврзаноста на Фермин со Давид Мартин - необичен писател, чија животна судбина за негово големо изненадување е поврзана со него, иако ниту тој самиот не е свесен за тоа. Откривајќи ги деталите Даниел ќе дојде до застрашувачко сознание поврзано со неговото семејство. Тоа сознание ќе го вознемири и засекогаш ќе го промени и од него ќе создаде нова личност.

Повеќе од ова нема да ви откријам, а ако ова до сега ве заинтигрира тогаш книгата во раце и уживајте а воедно и откријте сами што се случува понатаму. Но, само да напомнам дека настаните во книгата „Заточеник на небото“ хронолошки се одвиваат после дејствието во книгата „Сенка на ветерот“. Во овој роман се случуваат настани кои се случиле и претходно, но тука се фрла нова светлина врз расплетот и ликовите од двата претходни романи. Исто така овој роман припаѓа на циклусот „Гробишта на заборавените книги“ во кои спаѓаат и двата негови претходни романи, а тоа значи дека романите тематски се поврзани, но секој од нив нуди независна приказна.

Љубители на Зафон уживајте во прекрасниот роман кој мене ме остави со уште поголемо воодушевување кон авторот и неколку непреспиени ноќи.

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
Вчитај претходни коментари
  • Па ти благодарам за инфото Марија :)) затоа што гледајќи го насловот на англиски The prisoner of heaven логично ми беше дека преводот на the prisoner треба да биде затвореник. Секогаш сум скептична околу преводот затоа што голем дел од издавачките куќи преведуваат од српски јазик, а не од оригиналот. Инаку сега се подновив со книги од Просветно дело и малку ќе треба да почека Заточеник на небото, но не многу :))) Поздрав

    0 Like
  • Се сложувам дека книгата е прекрасна, како и дека "заточеник" е македонски збор, но за жал се сложувам и дека преводот не може да се опише со друг збор освен со - катастрофа. Особено бев изненаден кога увидов дека станува збор за истиот преведувач кој ги преведе и "Сенка на ветрот" и "Играта на ангелот", а и во двете не се забележуваа толку грешки како овде. Очигледно издавачот изгорел во желбата македонското издание да ја види побрзо светлината на денот, па ја занемарил потребата од лектура. (Само еден пример кој се провлекува од почетокот до крајот на романот е "Божич" и придавката "божични" кои литературно треба да гласат "Божоќ/Божик" и "божиќни/божикни"). За самиот роман немам што особено да додадам - јазикот на Зафон е извонреден како и во претходните романи, ликовите одлично (до)извајани, приказната се чини без никаков пропуст. Единствена замерка е што за разлика од претходниците, не нуди до таа мера совршено обликувана, засебна целина, туку е повеќе само дополнение на другите два романи. Без разлика што Зафон го тврди спротивното, недостатокот на обликувана засебна приказна е очевиден, и не верувам дека некој би можел да ја разбере целта на овојрман, ако ги нема прочитано претходно првите два од серијата за Гробиштата на заборавените книги.

    0 Like
  • Леле мори мајко, јас ја купив а не ја ни погледнав внатре. Значи, до сега, само Марина од Зафон ја имам читано на македонски и само таа не ми се допадна, бидејќи како за 5-годишни деца да е пишувана, а не верувам дека е до Зафон. Значи, (не)преводот не само што нервира, туку и навистина знае да ја уништи книгата. И затоа веќе книги на македонски - само од библиотека. А за оваа баш ќе проверам.

    0 Like
  • А за ова заточеник/затвореник, вака на непрочитана книга, јас би ставила заробеник. Всушност, тоа и не е толку до преведувачот, колку што е до лекторот - лекторите најдобро БИ ТРЕБАЛО да го ВЛАДЕАТ и САКААТ македонскиот јазик.

    0 Like
  • Ја чекав долго, цел свет ја чекаше хаха првите два дела ме натераа да го засакам Зафон и сместам во еден од моите омилени автори, а сигурно автор кој најдобро знае да ме внесе во мистерија и да ме натера да прочитам повеќе негови дела во еден здив :D следниот здив го чувам за неа и верувам дека нема да ме разочара

    инаку дека има смешни грешки тоа забележав веднаш, а и нема лектура, но тоа не ме изненадува, бидејќи нашите издавачки куќи често знаат да бидат неодговорни и да не внимаваат. Сепак, кога ке се „нурнам“ во приказната, тоа лесно ќе се преброди и ќе ми стане ирелевантно :D

    0 Like
  • Прекрасно, кога почнав со читање веќе не можев да запрам!!!Се согласувам со Божин, кога веќе навлегов во приказната се' друго исчезнува па дури и печетните грешки!

    0 Like
  • jas sum mnogu razocharana od knigava.. smetajki deka sum mu najgolem fan na zafon i mu gi imam prochitano site knigi, ovaa najmnogu me razochara.. nema vistinski zaplet i dovolno golema sluchka okolu koja se vrti a da ne zboram deka ima mnogu raboti shto ne se povrzuvaat, kako na primer kade se kazhuva deka david martin e vo senka na vetrot a kade vo ovaa kniga i toa vo ist period.. ne bi sakala da dodadam drugi detali za da ne kazham nekoj den od knigata ama samo se nadevam deka vo narednata kniga sho ja ima izdadeno se vrakja na stariot stil za koj go zasakav :D

    0 Like
  • Кажете каде да го најдам првиот дел зошто во матица го немале

    0 Like
  • Можеш да го купиш онлајн на www.kupikniga.mk јас 90% од книгите ги купувам таму. Гледам дека има уште 3 примерока за продажба.

    0 Like
  • Најголем фан сум на Зафон, сите дела му ги имам прочитано, ама книгава напросто ме разочара. Не е тоа тоа. Послаба приказна. Не знам, се надевам ќе се подобри во наредната и пак ќе биде оној стариот што го сакаме.

    0 Like

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter