Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

1Q84 (Втора книга) - Харуки Мураками

Автор 
Оцена
(4 оцени)

Необичната приказната за Аомаме и Тенго продолжува. Додека во првата книга Мураками ни го опишува периодот од месецот aприл па сѐ до jуни, во втората книга се опфатени месеците jули, aвгуст и септември. Во тој период многу нешта се случуваат, нешта кои генерално гледано имаат можност повеќе да бидат прифатени како некаков лош или добар сон (за кого како), отколку да бидат сурова реалност со која Тенго и Аомаме самите мора да се соочат.

Како професор по математика во подготвително училиште, Тенго успева некако да го продолжува својот сон да напише роман, повремено објавувајќи колумни под одреден псевдоним. Бидејќи има прилично многу слободно време, тој успева сето тоа да го вметне во деновите кои поминуваат.

Три дена предава во подготвителното училиште, а во преостанатото време пишува колкумни, го пишува својот роман и секој петок, кај него дома, се среќава со својата девојка, десет години постара и мажена девојка. Пријателството со Комацу ќе му го промени животот на многу чуден начин. Не толку многу самото пријателство колку што работата која ќе ја прифати Тенго, на инсистирање на Комацу! Тој бара од него да поработи на еден роман, кој го напишала една несекојдневна седумнаесетгодишна девојка – Фукаери, Ерико Фукада. Куклата од воздух има потенцијал да биде избрана за најдобро дебитантско дело, но и да стане бестселер ама само доколку Тенго ја преработи и фино ја склопи целата работа. Како сето ова ќе му го промени животот и ќе му ги отвори очите дека всушност светот целосно се променува од тогаш тоа е малку комплицирано за објаснување!Сепак би ми требало многу време за да објаснам.

Во меѓувреме Аомаме, инструктор по боречки вештини како и професионален истегнувач на мускули, а меѓу другото и професионален убиец, ќе навлезе во истиот свет како и Тенго, светот со две месечини. Годината ќе ја нарече 1Q84. Нивните патишта се многу далечни, но со секој поминат ден стануваат сѐ поблиски еден до друг. Една многу ризична работа, работа која ја прифаќа како предлог од нејзиниот дополнителен работодавец, старицата од Куќата на Врбите, уште повеќе ќе ја доближи Аомаме до Тенго, и обратно, само што тие двајцата нема ни да претпостават дека се толку блиску еден до друг. Таа треба да го убие водачот на верската организација Сакигаке, како казна поради тоа што општел со малолетни девојчиња под изговор дека сето тоа е во рамките на верските убедувања за кои се заложувала организацијата. Аомаме никогаш не убивала некој што не заслужил. Голем дел од жртвите и се луѓе кои го малтретирале своето семејство. Но овој пат таа се среќава со човек кој е свесен дека ќе биде убиен - и сака да биде убиен. Со таа смрт се спасува друг живот. Таа како дете кое потекнува од верска организација, знае каков е животот во рамките на истата, строгите правила ја одделуваат од сѐ останато, и најмногу поради тоа се согласува да ја изврши таа екстремно опасна задача, задача поради која ќе мора да се крие и да го промени својот идентитет како и изгледот ако сака да се извлече од тоа жива!

Тие двајцата постојано размислуваат еден за друг! Пред дваесет години судбината ги спојува двете десетгодишни деца, едното прилично осамено кое морало постојано во неделите да оди со својот татко и да ја собира претплатата на НХК, другото исто така прилично осамено кое строгите правила на родителите, членови на верска организација, го одделуваат од останатите деца. Но никако некој да започне со потрага на другиот!

Ситуацијата во која двајцата свесно се вплеткуваат ги придвижува работите кон своето, но никој нема да може да претпостави дека со самото тоа што Тенго прифаќа да ја преправа книгата и со самото тоа што Аомаме ќе се согласи да го убие водачот, на сцена се појавуваат човечињата”. Но каква е нивната улога? Дали секој ќе успее да си го заврши предизвикот кој свесно го прифаќа? Оставам на вас самите да се потрудите и да откриете, ако имате желба да влезете во чудесниот свет на Мураками и да ја разберете оваа навистина чудна, но во исто време и несекојдневно реална приказна. Навистина Мураками е мајстор во пишување на такви приказни, приказни кои или ги сакате и со нетрпение ги очекувате или едноставно не ги сакате!

Па уживајте! Следува расплетот во третата книга!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter