Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе

1Q84 (Трета книга) - Харуки Мураками

Автор 
Оцена
(7 оцени)

1Q84

Времето полека минува, но Тенго и Аомаме сѐ уште се разделени!

По успешно завршената задача Аомаме мора да се сокрие на некое време пред да добие сосема нов идентитет, нов живот, па дури и ново лице. Сето тоа се мерки на претпазливост, бидејќи верската заедница Сакигаке нема да престане да трага по неа, затоа што таа им го убила водачот. Во периодот од октомври до декември таа се крие на безбедно место и никаде не треба да излегува додека не добие понатамошни упатства како да постапува. Барем толку ѝ должи старицата од Куќата на Врбите. Но како тогаш ќе го пронајде Тенго, иако да бидам искрена тие и не се далеку еден од друг... Но како некоја сила да ги разделува сѐ додека не дојде вистинското време тие двајца да се пронајдат.

Во меѓувреме и Тенго е решен да ја пронајде Аомаме, само што и покрај исцрпувањето на сите начини на кои можел да се сети, таа сѐ уште е недостижна за него. Но не ја губи надежта бидејќи Фукаери еднаш му има кажано дека таа ќе го пронајде него. Навистина ли, но кога? Трагајќи по неа открива дека на небото има две месечини, токму како во романот „Куклата од воздух“ и токму како што тој самиот ги опишал. Но дали во реалниот свет постојат две месечини?

Ненадејно се потсетува на својот татко и уште поненеадејно решава да го посети во домот во кој е сместен тој. Што ќе открие во тоа место кое тој го нарекува Градот на Мачките?

Во една ноќ, бурна ноќ, животот и на двајцата им станува уште повеќе поврзан еден со друг!

Освен Тенго и Аомаме во ова продолжени се појавува и сосема нов лик.... Ушикава. Тој е човекот кој е ангажиран од организацијата да ја пронајде Аомаме!!! Човек со многу забележителен изглед, но со доста бистар ум. Човек кој од околу почнува да ги поврзува работите. Човек кој полека но сигурно се приближува до Аомаме, но токму кога ќе дојде до неа професионално ќе биде спречен!

На што мислам и како ќе заврши приказната не откривам. Кога веќе сте поминале покрај првата и втората книга, сега не би требало да се откажете и да не дознаете што сѐ ќе се случи, дали и на кој начин тие двајца повторно ќе се соединат и ќе се вратат во оној свет кој сите го знаат, светот со една месечина!

напишете коментар (Ве молиме пишувајте на кирилица)

Остави коментар како гостин

0
условите.
  • Нема пронајдени коментари

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter