Најнови статии

  • Совршената замена од Грир Хенрикс
    Совршената замена од Грир Хенрикс Совршената замена (или оригинал The wife between us) ми го привлече вниманието затоа што веднаш штом излезе од печат почна да се искачува на сите топ листи и не можев да не ја прочитам. Се сеќавам дека беше недела, па…
    Коментирај Повеќе
  • Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен
    Еленор Олифант е океј - Гејл Ханимен Оваа книга годинава беше на едно од првите три места на сите можни позначајни избори, награди, листи на најпродавани книги. Слушнав дека правата за филм веднаш ги лапнала брилијантната Рис Витерспун која очигледно си има зададено цел во изминатите неколку…
    Коментирај Повеќе
  • Го имам твојот број - Софи Кинсела
    Го имам твојот број - Софи Кинсела Тие што ме знаат уште од основањето на sakamknigi.mk знаат дека Кинсела отсекогаш беше (и остана) една од моите најомилени авторки. Ретките се таквите како неа што знаат да ме изнасмеат до солзи и да направат да се почувствувам убаво,…
    Коментирај Повеќе
Chris

Chris

Издржи

„Зошто да издржиме?

Да издржиме за да се најдеме со самите себеси. Или едноставно, да преживееме. Да издржиме е единственото нешто што нѝ останува, кога веќе ништо не нѝ останува. Издржи. Со душата, со срцето, со твоите очи, со твоите раце, со целото твое тело. Издржи. Со нозете на земјата и со очите гледајќи кон небото. Издржи.

Секоја епизода од телевизиската серија „Ангели“ решава една клучна тема, гледана од различни точки на гледање.

Оваа книга нуди избор на текстови од секој момент од серијата и е покана за размислување, за прашување и за издржување.

Eве неколку извадоци од книгата:

Човекот со илјада лица

Oткако помина низ порталот и по неколку месеци отсуство, Сиело Магико се враќа. Поседува неверојатно знаење и нејзините сетила се заострија, но не се сеќава која е. Со помошта на децата од Фондацијата ББ, сега преименуван во дом за сираци „Магичниот Дом“ и со средбите со Тик-Так, си го враќа својот идентитет и учи да управува со своите моќи. Таа е ангел кој споделува љубов и нејзината мисија е да трансформира души.

Но една црна сила, која исто така пред неколку години го поминала порталот, ги демне од својата сенка. Тоа е Хуан Круз, паднат ангел, човекот со илјада лица.

Обземен од омразата и амбицијата, успева да „влезе“ во мозокот на Тијаго и Салвадор.

Островот Еудамон

Една февруарска ноќ 1854 година, три светлински точки се појавуваат на небото и формираат совршен триаголник: три идентични часовници започнаа да функционираат во исто време и еден од нив е во поткровјето на вилата Инчаусти. И иако изгледа како случајност, неколку години подоцна овие искри ќе ги обележат судбините на неколку ликови.

По смртта на Амалија Инчаусти, вилата оди во рацете на нејзиниот амбициозен внук, Бартоломе Бедожа Агуеро, кој ја создава Фондацијата ББ, во која група деца се малтретирани од него и Хустина.

Но со помошта на Николас Бауер и Сиело Магико, кои се заљубуваат на прв поглед и под заштита на некои посебни суштества, соновите можат да се претворат во реалност.

Авторски Права

Сите права врз содржините на веб страната се задржани од страна на издавачката куќа САКАМ КНИГИ. 



Ниту еден дел од содржините не смее да се презема без писмена согласност на Сакам Книги.

Контактирајте нѐ

Вашето мислење ни е важно!

Можете да ни пишете порака преку нашата контакт страна . Со оглед на големиот број мејлови кои ги добиваме секој ден, се извинуваме ако не успееме да одговориме на сите.


contact@sakamknigi.mk
ivana@sakamknigi.mk

Тука Сме

сакам новости

Пријавете се доколку сакате да добивате новости за попусти и интересни настани!

Follow us on Twitter